ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Поведена постапка за убиство во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – убиство  на 18 август во Арачиново

November 18, 2019 12:13
in КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – убиство  на 18 август во Арачиново, пренесе МИА.

-На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице. Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Пред да почине, како што стои во соопштението, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притоа, обвинителот особено го ценел фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет, велат од Јавното обвинителство.

Next Post

Трет случај на заболен од чума во Кина

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk