ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев-Јоурова: Северна Македонија покажа добри резултати во борбта против корупцијата

Покажавме, рекол Заев на средбата, неселективна борба против криминалот и корупцијата.

November 19, 2019 14:16
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и еврокомесарката за правда Вера Јоурова денеска на средба во Скопје оцениле дека државава покажала добри резултати во борбата против корупцијата, но оти е потребна е трансформација на правосудниот систем во насока на поголема ефикасност во работата, согласно со европските стандарди и вредности. На состанокот,  соопшти владината прес-служба, е потврдено дека е потребно одржливо решение за продукција на капацитети во правосудството, постигнато на транспарентен начин и со висок професионализам, пренесе МИА.

-На средбата е изразена почит кон постигнувањата на премиерот Заев и на Владата на политички и на реформски план. Констатирано е дека Договорот од Преспа е редок, позитивен пример на градење пријателства, наспроти се уште постоечките политики на радикализам и национализам и дека тоа го вреднува и новиот состав на Европската комисија. Пораката е дека Република Северна Македонија се движи во вистинска насока и дека ќе продолжи активната соработка со ЕК, соопшти владината прес-служба.

Покажавме, рекол Заев на средбата, неселективна борба против криминалот и корупцијата.

– Донесовме легислатива за судството со консензус и според европските стандарди. Но, потребна е поефикасна имплементација на законите, што ќе се обезбеди низ можностите за конкурентност, што сега не е случај, поради недоволниот број на судии и јавни обвинители, укажал Заев.

Реформите, меѓу кои и во правосудството, како што нагласиул, се значајни не само поради европските интеграции, туку и поради економијата, којашто во нашата држава бележи раст.

-Економските параметри растат. Продолжуваме со реформите. Продолжуваме со пријателствата. Ни треба охрабрување на проевропските сили во општеството. За Република Северна Македонија е во ред сè што значи отворени перспективи за евроинтеграциите, рекол Заев, посочувајќи дека тоа ќе има позитивен импакт и во регионот и во одлуките на граѓаните, посебно на младите луѓе, да ја гледаат својата иднина во родната земја.

Заев и Јоурова  разговарале и за работата на новата Европска комисија, од каде што има најави за фокус кон позитивна агенда, кон актуелни прашања како што се климатските промени, дигиталната трансформација, стратегија за проблемот со миграцијата, повеќе кон превентива, отколку кон реактивни политики.

-Договорена е активна соработка со еврокомесарката Јоурова во делот на владеењето на правото, заштитата на демократијата и изборите, што е нејзина област, посебно што таа во ЕК ќе биде надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, што е од голема важност и за граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

June 22, 2025
Фото: X

Нови ирански ракетни напади на Израел, најмалку 11 повредени

June 22, 2025

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk