Десет семејства во Општина Петровец крај Скопје изутринава останаа без своите домови, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја, објавија повеќе медиуми.
Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи.
Градоначалникот на општината вети помош за лицата и фамилиите кои го изгубија домот.
Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот.