ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери: Само граѓанските општества можат да бидат моторот што ја води напред нашата држава

– На овој конгрес се направи и понатамошната консолидација во насока на развојот и напредокот на Албанците, одбирајќи ја јасно ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да се чини скромен за старите светски цивилизации, сепак, тоа е придонес и во целокупниот развој на човештвото, рече Џафери.

November 22, 2019 22:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и од име на колегите пратеници и да ја искористам приликата да го честитам најзначајниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, денот кога славиме 111 годишнина од Битолскиот Конгрес, собирот на кој што се донесоа суштинските одлуки и кои ги претставуваат столбовите кои помогнаа за културната и политичката иднина на албанскиот народ, односно, се унифицираше албанската азбука што ги издигна за едно скалило повисоко албанската култура и образование, рече во обраќањето претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“, пренесе МИА.

– На овој конгрес се направи и понатамошната консолидација во насока на развојот и напредокот на Албанците, одбирајќи ја јасно ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да се чини скромен за старите светски цивилизации, сепак, тоа е придонес и во целокупниот развој на човештвото, рече Џафери.

Истакна дека со тоа продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина.

– Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи“. И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој, рече тој.

Истакна дека само граѓанските општества со граѓани кои уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот.

– Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување, рече Џафери.

Посочи дека РСМ е речиси внатре во НАТО, таку каде што Албанија веќе одбележува полни десет години членство и, истакна, набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка.

– Додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, поврорно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади, за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите, подвлече Џафери во обраќањето на на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk