Лажењето го наследил од неговиот шеф Груевски. Колку лаже Мицкоски е доказ и средбата со Борисов каде што, практично го излажа на Борисов ама буквално се што кажа. Ова е една од многуте лаги.
Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, магистрирал во Германија. Заборавил дека постои веб платформа на машинскиот факултет, каде јасно се гледа дека Мицкоски дипломирал, магистрирал и докторирал на машинскиот факултет во Скопје. Лагите на Мицкоски немаат крај, но сите од прва до последна ќе ги извадам на површина. #ПатолошкиЛажго.
Ова е Фејсбук статус на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Инаку, во видеото (life stream) на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за средбата која ја имаше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, првиот човек на партијата му раскажува на Борисов за неговото високо образование, како и за неговите придружници, членови на партијата.
„Јас сум човек што сум стипендист на Италијанска влада. Сум поминал таму магистратурата и докторатот во Германија, стипендист на Германска влада. Тука немаме никаква дилема…“, му објаснува Мицкоски на Борисов.
Инаку, во работното резиме на професорот Мицкоски, стои дека тој магистрирал и докторирал во Македонија, на Машинскиот факултет во Скопје.
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2591682201059834/
И.Т.З.