ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сите се за ветинг – за издвојување на чесните од непрофесионалните и корумпираните

Првиот човек на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски вели дека ветингот за судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт.

November 22, 2019 10:06
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè погласно се зборува за потребата од ветинг на судиите и обвинителите за да може во државава да се спроведат суштински реформи во судството. Начелно сите се за ветинг, а се бара тој да не биде ограничен само на судството, туку и на институциите и политичарите. Министерката за правда Рената Дескоска вели дека веќе се исцртуваат контурите за ветингот. Во тој процес, додава, не треба да се плашат чесните судии и обвинители, но мора да се спроведе за да се издвојат неквалитетните, непрофесионалните и корумпираните, пренесе МИА.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски вели дека ветингот за судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт.

– Треба добро да се осмислат целите на ветингот, да се дефинира по содржина и начинот на кој ќе се спроведе. Понатаму, кој орган или кои органи или државни институции ќе треба да го спроведат, да се внимава тоа да не значи да биде директно мешање во правосудната власт од страна на извршната власт. Доколку се спроведе, треба да даде позитивни ефекти, а не да даде негативни ефекти. Состојбите во правосудниот систем не се баш на потребното ниво, па со ветингот да не се влошуваат понатаму, истакнува Колевски.

Тој додава дека во овој момент имотната состојба на судиите и јавните обвинители се контролира.

– Сите јавни обвинители и судии поднесуваат пријава до Антикорупциската комисија за сопствената имотна состојба и имотната состојба на сите јавни обвинители и судии е на увид на јавноста. Секој може да изврши увид во податоците, рече Колевски.

Министерката Дескоска вчера посочи дека има меѓународни примери за спроведувањето на постапката ветинг.

– Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гаранти на процесот, вели Дескоска.

И претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев е на став дека е потребен ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите.

– На ветингот гледам позитивно и немам никаков проблем со тоа. Сметам дека е потребно да се направи ветинг и во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи по однос на чесноста на судиите, изјави неодамна Џолев.

Премиерот Зоран Заев исто така смета дека на нашето општество му е потребен ветинг, посебно нагласувајќи дека тоа час поскоро треба да се направи во правосудството.

– Нашиот народ очекува протресување судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Ветингот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да поминат ветинг. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите, рече Заев.

Од владејачката СДСМ најавија постапка за целосен ветинг во судството, бидејќи неприфатливо е токму институциите што треба да носат правда, да ја спречуваат и да ја поткопуваат.

– Неопходен е ветинг во судството, за да се направи дистинкција меѓу чесните и професионални судии и обвинители и оние кои не се на нивото на професијата. Пред граѓаните ветивме правда, му дадовме шанса на судството, не испорача, но ние ќе направиме сè за да го оствариме. Затоа што без правда, нема сигурност и стабилност, без владеење на правото, нема развој и напредок, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети смета дека има потреба од спроведување ветинг во сите институции во државава.

– Јас не можам да се занимавам со предрасуди, ниту со предвидувања за преполовување на судиите и обвинителите во процесот на ветингот. Тие што не го поминуваат ветингот не заслужуваат да бидат претставници на судството. Независно колку ќе трае ударот, дали ќе се преполови бројот или ќе остане четвртина, зависи од веродостојноста, рече Ахмети. 

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вели дека во ветингот на судиите не гледа решавање на проблемите во македонското судство.

– Искуството вели дека тие што го примениле овој процес на ветинг, еве конкретно во случајот ако го земеме искуството од нашиот западен сосед, не поминале успешно, рече Мицкоски.

Тој најави дека како партија ќе понудат методологија што ќе обезбеди вистинска реформа за независно судство, независно обвинителство, мониторинг врз нив.

Next Post

Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk