ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Стојановска: Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

Во однос на јавниот интерес многу податоци што беа објавени во јавноста во изминатиот период се оправдани. Во конкретниов случај зборуваме за специјалниот јавен обвинител. Но, повторно се наоѓаме во ситуација кога медиумите бркајќи го оној момент на ексклузивност го забораваат правото на приватност кое што не значи дека јавната личност го нема заради тоа што од која и да е причина е јавна личност, вели за МИА Елена Стојановска од Метаморфозис, експерт за заштита на лични податоци

November 22, 2019 14:46
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци.

Во медиумите денеска е објавена фотографија на која поранешната обвинителка со која се нарушува приватноста на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева осомничена во Рекет. Таа е фотографирана како седи на терасата од станот каде што престојува во домашен притвор во Скопје, а притоа се открива и адресата.

– Во однос на јавниот интерес многу податоци што беа објавени во јавноста во изминатиот период се оправдани. Во конкретниов случај зборуваме за специјалниот јавен обвинител. Но, повторно се наоѓаме во ситуација кога медиумите бркајќи го оној момент на ексклузивност го забораваат правото на приватност кое што не значи дека јавната личност го нема заради тоа што од која и да е причина е јавна личност, вели за МИА Елена Стојановска од Метаморфозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа додава дека во случајов има нарушување на приватноста на домот и престојувалиштето што е гарантирано со Уставот.

-Тоа значи дека дали некој престојува во домашен притвор, во затвор или во болница, тоа во моментот на престојување се смета за негово престојувалиште, место на кое што единствено смее и може да живее па согласно тоа приватноста на домот или престојувалиштето би требало да биде гарантирана, без разлика на тоа дали станува збор за јавна личност или не, вели за МИА Елена Стојановска од Метамофрозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа е децидна дека приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци, а кога некое лице е во улога на пациент не смее да се заборави и Законот за заштита на правата на пациентите.

-Бркањето на ексклузивност со истовремено прекршување на Уставот и на два други закони, не може да биде оправдано по ниту еден јавен интерес, вели Стојановска.

Ова не е прв случај да бидат објавени фотографии од близина на живеалиште или место каде што некое осомничено лице престојува.

-Вакви случаи имавме и во минатото кога еве како пример ќе потсетам кога имаше објавена снимка снимана низ клучалка од затворска ќелија, имавме можност да видиме каде живее осомничен за сериски убиства, буквално со камера се влезе во дворот и се издаде адресата на живеење на тоа лице, вели Стојановска.

И во актуелниот случај со Јанева објавена е адресата каде што таа престојува.

-Во овој случај адресата на живеење се смета за личен податок од причина што кога ќе се доведе во корелација со останатите податоци, односно во овој случај тоа е фотографијата, врши директна идентификација на лицето. Забораваме која би била штетата од објавувањето на оваа фотографија и што порака пренесува оваа форографија, која е важноста на информацијата во тоа дека седи на тераса, рече Стојановска.

За неа е спорна битноста на информацијата, но исто така може да се проблематизира и времето кога е таа направена.

-Ние не можеме да знаеме дека таа фотографија е од вчера, вели Стојановска во изјавата за МИА.

Загрозувањето на приватноста односно злоупотребата на личните податоци, кај нас е казниво според Кривичниот законик. Во членот 149 се наведува дека тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Доколку тоа го стори службено лице казната е од три месеци до три години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

June 26, 2025

ЦИВИЛ: Стоп за масакрот во Газа – светот мора да се разбуди! Гледаме геноцид во живо и не смееме да молчиме!

June 26, 2025

Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува „македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

June 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk