ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Развојот на земјоделството приоритет, неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме од 10 на 20.000 евра

СДСМ продолжува со спроведување мерки коишто значат унапредување на земјоделството, подобрување на условите за работа и повеќе пари кај земјоделците

November 24, 2019 10:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ продолжува со спроведување мерки коишто значат унапредување на земјоделството, подобрување на условите за работа и повеќе пари кај земјоделците, велат од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, а пренесе МИА.

Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, обезбедуваме дополнителна помош за младите земјоделци, но и ги унапредуваме и поедноставуваме условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност.

Претходно, над 400 млади земјоделци добија неповратни средства од 10.000 евра за да продолжат се занимаваат со земјоделство и да го унапредат сопственото производство.

Со последните законските измени обезбедуваме предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што го олеснуваме пристапот до овие фондови.

Земјоделците што се корисници на оваа програма сега парите ќе ги добиваат однапред, пред да започнат со инвестициите, а ќе имаат обврска да ги вратат во период од осум години, без камата. Парите за оваа мерка ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. Мерките што ги обезбедуваме гарантираат преструктуирање и подмладување на земјоделскиот сектор преку силна поддршка за младите земјоделците до 40 години и обезбедување услови за воведување на нови технологии во преработувачката индустрија и постбербените активности.

Next Post

Дадилката која претепа дете во игротека, пренесена во затворот во Шутка

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk