Поради сообраќајна незгода на патот Делчево – Македонска Каменица сообраќајот е во прекин. Мало товарно возило од засега непознати причини се превртело со што е блокирано движењето на возилата во двата правци. Возачи јавуваат дека станува збор за возило на Штипска млекара.
-Овде сме од 10 часот, патуваме за Македонска Каменица и наидовме на блокиран пат. Комби превретно стои на патот и се чека да заврши полицискиот извештај. Не ја знаеме причината освен што се гледа дека е мало товарно возило на Штипска Млекара, велат очевидци.
Од полицијата во Делчево детали за сообраќајката најавуваат во текот на денешниот ден. Засега нема информации дали е повреден возачот на возилото.