Пред дваесетина минути регионот кај албански Драч го погоди уште еден, релативно силен земјотрес, од 5,3 степени според Рихтеровата скала, пренесоа регионалните медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри северно од градот Драч, на 42 километри северозападно од Тирана, во Јадранско Море на длабочина од 10 километри.
Пет минути по него, регионот 20 километри западно од Леже, 64 километри северозападно од Тирана, беше погоден од потрес со сила од 3,1 степени.
По првичниот земјотрес, кој се случи во 3:54 часот во вторникот, се почувствуваа повеќе од 500 потреси во истата област.
Владата денешниов ден го прогласи за ден на жалост.