ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Навивачките групи како наменски мивки за расчистување на валкани партиски игри

Она што кај нас може да се забележи, што е многу симптоматично и се влече како неизлечив тумур по спортските трибини, а и надвор од нив, е мешањето на политиката, поконкретно - мешањето на политичките партии во навивачките групи и нивно инструментализирање

November 28, 2019 15:16
in ОПШТЕСТВО, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Режимот се чувствува загрозен.
Режимот чувствува дека народот се обединува.
Режимот режира пропаганда со цел да го разедини и разнебити народот.
Режимот живее само кога народот е поделен.

Ова не е порака на некоја опозициска партија, туку дел од постот на навивачката група „Комити Скопје“ на нивниот Фејсбик профил. Па продолжуваат во постот со политичката реторика:

Режимот наредува – „слугите на режимот” спроведуваат!

Режимот апси – Режимот казнува селективно!
Да живее режимот или Смрт за Режимот!

Едукаторите по човекови права, национализам и говор на омраза, безмалку секогаш кога треба да покажат типичен пример нè упатуваат на Фејсбук страниците на навивачките групи. Дивеењата на навивачките групи за време и после натпреварите на безмалку сите екипни спортови од поголема спортска важност и на сите терени, стана вообичаена слика.

И одма тука ја имаме онаа првична реакција дека тоа е нормално и да го прифатиме како „општествен фолклор на навивачите“. Но, од друга страна одма се наметнува прашањето зошто ова е пример само кога се работи за организираните групи на навивачи што навиваат за домашните клубови. На социјалните мрежи гледаме извонредно добро организирани навивачки групи и Фејсбук страни од Македонија на навивачи кои се симпатизери на познати европски и светски клубови и каде строго се санкционира и никако не се дозволува постирање на говор на омраза или каква и да било верска, национална омраза на нивните страници и во коментарите.

Она што кај нас може да се забележи, што е многу симптоматично и се влече како неизлечив тумур по спортските трибини, а и надвор од нив, е мешањето на политиката, поконкретно – мешањето на политичките партии во навивачките групи и нивно инструментализирање.

Само два последни примери: „прославата“ на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар, а по неколку дена и реакцијата на „Комитите“ за приведувањето на неколку комити кои каменувале полициски службеници и нападнале 4 малолетни лица на плоштадот Македонија во Скопје, .

Во првиот случај го имаме Артан Груби потпретседателот на ДУИ и пратеник, како организатор и говорник на „прославата“ на „Шверцерите во МНТ.

селфи на Артан Груби од бината на МНТ во МНТ
групна фотографија од настанот во МНТ
Артан Груби во првите редови

младиот Артан Груби како „Шверцер“

 

За инцидентот во МНТ има осуда од Премиерот Заеви и барање на одговорност за дивеењето, но нема осуда од пратеникот Груби и министерите за култура и образование од редовите на ДУИ. Тие не гледаат инцидент во дивеењето и демолирањето на МНТ, ако при тоа немало говор на омраза.

(прилог на ТВ Телма за дивеењето на Шверцерите во МНТ)

Во вториот се препознава членот на „Комитите“ и нивни правен застапник Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО, македонска политичка партија со десна ориентација, кој за каменувањето на полициските службеници и повредените малолетници на плоштадот Македонија во Скопје, во неговиот Фејсбук пост  алудира на националната припадност на полициските службеници;

Како адвокат на навивачката група Комити, демантирам дека вчера имало било каков инцидент после натпреварот Вардар- Слога, при која наводно се приведени 4- ца навивачи на Вардар заради каменување полицајци???
Вистината е дека синоќа околу 17 часот беа приведени 13 наши навивачи, без никаков повод и причина. При моето одење во ПС Пролет и Центар, беше наведено од инспекторите кои случајно беа од една националност, дека наводно биле нападнати малолетни навивачи од друга навивачка група и националност?

Се сеќаваме и на поранешниот лидер на „Комити“ и хашки осуденик, а сега актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски. Како се стигнува од водач на навивачка група до пратеник на голема политичка партија, е исто така легитимно прашање

Многу е симптоматично што ваквите инциденти речиси секогаш зачестуваат пред изборни циклуси и за време на предизборните капањи на политичките партии, напоредно со потикнувањата на немили настани на национална основа, секаде каде за тоа наидуваат на поволно тло за разгорување на ниските националистички страсти поткрепени со говор на омраза.

Остануваат прашањата дали има некаква шанса овие наши навивачки групи да се „очовечат“ да се оддалечат од национал-шовинстичките реторики, или – до кога навивачките групи од Македонија ќе се дозволуваат партиите да ги манипулираат и да ги користат како наменски мивки за расчистување на валкани партиски игри.

Бонус: На овој видео клип снимен во 1996 година во градинка во Македонија се гледа како деца во присуство на воспитувачка скандираат навивачка парола со говор на омраза

 

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

На следната седница да се најдат предлозите за една изборна единица

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk