ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Може ли две и пол да биде повеќе и подобро од 11?

Премиерот Зоран Заев објави видео обраќање во кое со јавноста сподели мноштво од податоци и индикатори за економските состојби и развојни стратегии. Во овој видео извештај на премиерот се говори за рекордното зголемување на платите, намалените трошоци, помошта за ранливите, намалувањето на стапката на невработеност, инвестициските и низа други проекти.

November 30, 2019 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По две и пол години силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките – зголемени плати, намалени трошоци, помош за ранливите, растат странските инвестиции, а невработеноста е на историски најниската стапка од 17,4 отсто, истакнува меѓу друго премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до граѓаните, а пренесува МИА. Најавува дека Владата ќе продолжи да инвестира во силна и стабилна економија, и во човечкиот капитал.

Може ли две и пол да биде повеќе и подобро од 11?

Да, може, особено ако за две и пол години направите и повеќе и подобро за домашната економија, во споредба со пустошот направен претходните 11 години.

После две и пол години водење силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги осеќаат придобивките – преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средства и преку помошта која ја обезбедивме за ранливите.

Економијата се мери со бројки!

За две години, оваа Влада потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба.

Тоа е многу повеќе од дво-годишните периоди меѓу 2013 и 2017 година, кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики.

Растат странските инвестиции!

Во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој рекорд на странски инвестиции, во периодот од 2013 до 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.

Рекордните странски инвестиции дојдоа како резултат на неколку клучни фактори: Надминувањето на политичката криза, решавањето на споровите со соседите и одговорната економска политика.

Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции.

Поволните услови за странските и за домашните инвестиции, како и активните мерки за вработување, во изминативе две години отворија повеќе од 54.000 нови работни места. Во периодот 2013 – 2015 имало само 21.000 нови работни места.

Денес дојдовме до историски најниската стапка на невработеност од 17,4%.

Сметам дека е најважно за младите да обезбедиме добро платена и квалитетна работа, која ќе ги привлече да останат дома.

Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада.

Инициравме ново, дополнително покачување на минималната плата на 14.500 денари. Во времето на претходната Влада минималната плата изнесуваше само 9.000 денари.

Наставниците на почетокот на 2020 година ќе добијат ново покачување на платите. Лекарите и медицинските сестри веќе добија сериозно покачување. Еден лекар специјалист ќе зема и до 100.000 денари плата. Припадниците на Армијата земаат поголема плата, како и полицијата и пожарникарите.

Цената на струјата сега е пониска и стабилизирана, а во време на претходната Влада порасна за 100%. Имаме најниска цена на струјата во Европа, а нашата земја е прогласена за „регионален шампион“ за реформи во енергетиката, од страна Енергетската заедница.

Конечно имаме стабилна и безбедна земја со развојна економија која може да оди само напред!

Резултатите во економијата станаа видливи и опипливи. Затоа, ќе продолжиме да инвестираме во силна и стабилна економија, и во човечкиот капитал – односно во нашиот народ, во граѓаните!

Кога економијата е силна, добиваат граѓаните!

Next Post

Ангеловска: УЈП има поддршка од Министерството за финансии за интензивна дигитализација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk