Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија и во НАТО и во Европската Унија. И на тоа работиме сите, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по интервјуто на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за „Бгнес“.
Според Борисов, оценката на Пендаровски за софиската политика кон Скопје е како највисока оценка од „Стандард енд Пурс“. Toj ја направи споредбата кредитнаta агенција која деновиве го крена кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји.
„И самиот претседател призна дека Бугарија ја извлекла Севернa Македонија од изолација. Вложивме големи напори за тоа“, вели Борисов и му се заблагодари на Пендаровски за неговата изјава.