пишува: д-р АРБЕН ТАРАВАРИ
Тешко е човек да премолчи на небулозите на ликови како досегашниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација. Бев вчудовиден кога видов како на Твитер со дрвја и камења фрла против Петрит Сарачини, кого навистина го почитувам како новинар, без разлика дали имаме исти ставови за какви и да било прашања.
Нему, до сега најкаубојскиот, претседател на Комисијата за (не)дискриминација му изрекува дијагнози кои според мене се разбираат како говор на омраза и дискриминација.
Се сеќавам дека еднаш го гледав човекот од Комисијата на една телевизија кога велеше дека цел живот се занимава со антидискриминација и дека не можел да направи чуда зашто не бил космонаут.
Е, па, од таквите „космонаути“ не ни чини државата. Од антидискриминаторите кои дискриминираат, од експертите што импровизираат, од политичарите пазарџии, од мировницитe кавгаџии.