ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Наместо субвенции за нови возила, ново решение без ограничувачки фактор

December 3, 2019 17:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека најавената мерка за субвенции при купување нови возила нема да се применува поради ограничувачкиот фактор за задолжителна примена на принципот „Прв дојден прв услужен“ при распределба на средствата, пренесе МИА.


Одговарајќи на новинарско прашање Бектеши денеска најави дека се работи на ново решение со кое без импликации на буџетот ќе има поголем опфат на граѓани и потенцира дека Владата не се откажува од намерата за обнова на возниот парк во државава.

Министерот за економија наведе дека веќе претходно информирал за можноста таа мерка да не се примени, имајќи го предвид ограничувачкиот фактор со принципот „Прв дојден прв услужен“.

– На тој начин ако предвидевме директни средства ќе можевме да поддржиме само 500 до 1 000 граѓани кои ќе се откажат од старите возила. А што ќе направевме ако други 3.000, 4.000 и 5.000 граѓани го направеа истото? Затоа направивме работна група со министерствата за финансии за животна средина и Царинската управа, и во текот на овој месец вклучувајќи ги тука и законските решенија каде нема да има директни финансиски импликации врз буџетот, ќе донесеме соодветна одлука. Не се откажуваме од нашите намери да го обновиме возниот парк во Северна Македонија. Тоа не значи дека тоа што сме го најавиле нема да го реализираме и оти нема да создадеме други мерки каде ќе бидат вклучени сите заинтересирани граѓани и ќе нема лимитирачки фактор како што е моделот „Прв дојден прв услужен“, рече Бектеши.

Тој потсети дека при сите јавни повици мора да се користи принципот „Прв дојден -прв услужен“ и оти во тој случај откако ќе се исцрпат предвидените средства не може да се даваат други.

– Ќе одиме со друго решение за мерката да можат да ја искористат повеќе заинтересирани граѓани или таа поволност што би можеле да ја даваме преку законско решение. Ќе нема директно субвенционирање со пари, дополни Бектеши, на прес-конференцијата на која го претстави буџетот на Министерството за следната година.

Мерката за субвенционирање нови возила ако потрошувачот се откаже од старото возило, беше предвидена со Законот за возила, како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето, но како што информираше министерката за финансии Нина Ангеловска, во Предлог буџетот за следната година не се предвидени средства за таа намена. Работна група што го разгледувала ова прашање одлучила средствата да се алоцираат таму каде ќе дадат најдобар ефект, изјави Ангеловска, потенцирајќи дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и оти по тој основ во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.

Next Post

Заев: На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk