ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МВР: Полициската акција во скопскиот регион е при крај – има уапсени

ОЈО информира дека четворицата пријавени ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои биле на должност и вршеле легитимирање, упатувајќи сериозна закана по нивните животи.

December 7, 2019 16:26
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската полиција од утрово спроведува голема акција во скопскиот регион, во регионот на селата Грчец и Арачиново.

Според извори во Македонската полиција, во опсежната и голема акција има повеќе приведени, иако засега посебни детали не се соопштуваат.

Акцијата е во финална фаза и се очекуваат подетални и официјални податоци во секој момент.

Четири лица што учествуваа во вооружената престрелка заработија кривични пријави. Основното јавно обвинителство соопшти дека ќе ги гони за загрозување на сигурноста на полициски службеници. Иако тројца од пријавените беа лишени од слобода, обвинителството не побара притвор за нив. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека е разочаран од ваквиот однос на обвинителството.

Постапката е отворена откако СВР-Скопје поднесе пријава за кривично дело – загрозување на сигурноста од чл. 144 ст. 3 од Кривичниот законик.

ОЈО информира дека четворицата пријавени ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои биле на должност и вршеле легитимирање, упатувајќи сериозна закана по нивните животи.

За настан што се случил во хотелот неколку часа по пријавеното кривично дело, Министерството за внатрешни работи сè уште не го утврди идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица, се вели во соопштението.

Досега за овој случај официјално е познато дека вооружениот инцидент се случил 35 минути по полноќ на 1 декември, кога врз петмина гости во ресторанот на хотелот, Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), пукале три лица, чиј идентитет не е познат во јавноста. На нападот возвратил Љ.Ќ., полициски службеник кој во моментот не бил на должност, кој пукал од службениот пиштол кон нив, по што напаѓачите избегале. Според МВР, никој не е повреден.

Next Post

Заев: Околу 50 милиони евра се тековните инвестиции на Владата во регионот на Прилеп

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk