„Во среда (11 декември), во Букурешт- Романија, ќе ја имам честа да ја откријам спомен бистата на реномираниот македонски сликар Никола Мартиноски, кој студирал во Ликовната Академија во Букурешт.
Тоа што пред точно една година го најавив, на 11 декември ќе го реализираме.
Неговата биста ќе биде поставена во паркот Михаил 1-ви, на просторот каде се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други умови на човековото наследство.
Нема сомнеж дека овој убав и вреден проект, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската. Тој е колку симболичен, толку и суштински мост на одличните односи меѓу двете земји.“, објави Едмонд Адеми министерот без ресор задолжен за дијаспора.