ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада

Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК)

December 14, 2019 09:39
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на двете победнички партии на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно со членови на партиските раководства, ќе се состанат денеска, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), нагласувајќи дека во двата табори постои оптимизам оти договор ќе се постигне.

Обајцата најавија интензивирање на средбите на партиските раководства во наредните денови, со цел да се надминат и последните разлики во ставовите околу идната структура на власта.

– Денеска имавме долга и конструктивна средба за размена на ставовите за сите позиции околу договорот кој се очекува да се постигне меѓу нашите два субјекти. Се согласивме да ги продолжиме средбите на дневна основа, се додека не ги затвориме преговорите, изјави Хоти.

Неговиот собраниски колега од редовите на ВВ рече дека утрешниот состанок „не би се случил доколку немаше приближување на позициите меѓу двете партии”.

– Токму поради тоа што видовме напредок во нашите позиции во правец на постигнување договор се согласивме нашите средби во иднина да бидат почести. И токму од таа причина ние утре повторно ќе се состанеме и ќе продолжиме од таму каде што застанавме, изјави Коњуфца.

Пред продолжувањето на средбата на работните групи, лидерите на двете досега опозициски партии за денеска свикаа седници на партиските претседателства. ВВ соопшти дека Курти ќе го собере Претседателството во 9 часот, додека од ЛДК објавија дека Мустафа ја свикал седницата за во 11 часот.

До застој во преговорите меѓу двете партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новиот, седми по ред, состав на Собранието на Косово, претседателот на државата, Тачи првично ја свика за 24 овој месец, а вчера ја промени својата одлука и го помести датумот за 26 декември. Тоа е последниот законски рок за одржување на седницата, со оглед дека конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври Централната изборна комисија на Косово ги објави на 27 ноември

Next Post

Фити: Нема да ги расипеме односите со БАН, ќе разговараме

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk