ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Состојба на патиштата

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

December 17, 2019 08:52
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост 50 – 100 м поради магла има на патниот правец Скопје – Куманово и Куманово – Скопје, 100 м Скопје – Тетово – Гостивар, Струмица – Радовиш и Струмица – Валандово, 150 – 200 м Кичево – Охрид и Охрид – Ресен, 20 -30 м Струга – Дебар и Струга – ГП Ќафасан и 20 – 40 м на планинскиот премин Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 09.10.2019 на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00  – 17:00 часот се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.

Виадукт трејд – ДООЕЛ известува дека од 04.10.2019 започна со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с. Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Oд 17.09.2019 година Фабрика Карпош – АД Скопје известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп се врши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот 03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот

Next Post

Повратот на персоналниот данок во тек, до 31 декември 17.000 земјоделци ќе добијат вкупно 80 милиони денари

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk