ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Прентовиќ: 80 милиони денари од персоналниот данок на доход се враќаат кај 17.000 земјоделци

СДСМ спроведува мерки за намалување на трошоците и враќање на пари кај секој граѓанин, а особено внимание посветува на придобивките на земјоделците

December 18, 2019 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ спроведува мерки за намалување на трошоците и враќање на пари кај секој граѓанин, а особено внимание посветува на придобивките на земјоделците, изјави Татјана Прентовиќ на прес конференција на СДСМ, пренесува МИА.

„Денеска започнува повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците.

Со оваа мерка до крајот на годината, 80 милиони денари ќе им бидат исплатени на околу 17.000 земјоделци.

Овие пари ги враќаме директно на сметките на земјоделците коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари и немаат друг приход што се оданочува.

Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи и до 20.000 денари.

Повратот се однесува за приходот од продажба на земјоделски производи кои земјоделците го оствариле во 2018 година.

На почетокот на 2018 година, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство го изменија Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари.

Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците и тие беа ослободени од процедури како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

Грижата за земјоделците останува наш врвен приоритет.

На прав пат сме! Остануваме посветени на мерките што го унапредуваат и развиваат земјоделско-прехранбениот сектор кој е еден од клучните стопански гранки во државата и еден од столбовите на македонската економија“ нагласи пратеничката Прентовиќ.

Next Post

(ЖИВО) Прво новогодишно обраќање на претседателот Пендаровски

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk