ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пречистителна станица за отпадни води во Скопје до 2025, ќе се инвестираат 136,73 милиони евра

Пречистителната станица ќе опслужува над 500 илјади жители, а отпадните води ќе се третираат согласно европските стандарди.

December 20, 2019 13:38
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

До 2025 година треба да биде изградена пречистителна станица за отпадни води во Скопје за што ќе бидат инвестирани 136,73 милиони евра од кои дел се заеми од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Пречистителната станица ќе опслужува над 500 илјади жители, а отпадните води ќе се третираат согласно европските стандарди. На годишно ниво, новата пречистителна станица ќе третира 51,3 милиони м3 непреработена отпадна вода. Пречистителната станица ќе покрие девет од 10-те скопски општини.

Од Европската банка за обнова и развој обезбедени се 58 милиони евра, а од Европската инвестициска банка 68 милиони евра и дополнителни 10 милиони инвестициски грант, обезбедени од Иницијативата за економско зајакнување на ЕИБ.

Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Обезбедуваме средства за трајно решавање на проблемот со отпадните води. Со потпишување на договорите за изградба на пречистителна станица, покажуваме дека сме фокусирани на заштитата на животната средина. Инвестираме 136,73 милиони евра во проект кој му е итно потребен на главниот град затоа што со зголемувањето на населението, урбанизацијата и брзата индустријализација контунирано се зголемува количината на непречистени води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешното потпишување на договорите.

Според министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ова е еден од најголемите проекти во областа на животната средина со кој ќе се заокружат напорите на земјата за решавање на проблемот со отпадните води во главниот град.

Нуредини потсети дека со поддршка од Европската унија завршена е изградбата на пречистителните станици во Прилеп, Радовиш, Струмица и Кичево, а започната е изградбата на вакви станици и во Битола и Тетово за кои е предвидено финансирање во рамки на ИПА 2 инструментот.

ЕБОР и ЕИБ, чии претставници заедно со евроамбасадор Самуел Жбогар денеска присуствуваа на потпишувањето на договорите, изразија надеж дека со реализацијата на овој проект ќе стане еколошки почиста животната средина и ќе се подобри животот на граѓаните во главниот град.

Пречистувањето на водата беше идентификувано како една од најитните приоритети од Акциониот план за Зелени градови.

Next Post

УНХЦР ги поздравува заложбите на Северна Македонија во рамките на Глобалниот форум за бегалци

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk