ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Али Ахмети реизбран за лидер на ДУИ

Има такви кои шират дефетизам, лажни вести и дезинформации, но ДУИ остануваат доследни - рече Ахмети.

December 21, 2019 20:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Али Ахмети вечерва беше реизбран за претседател на ДУИ со акламација, на Четвртиот изборен конгрес на партијата . За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ, пренесе МИА.

-Се заблагодарувам за довербата што ми ја дадовте едноглсно да бидам на чело на ДУИ следните четири години. Ве уверувам дека ќе ве претставувам со дигнитет како и до сега така и во иднина и дека нема никогаш да се посрамите ниту пред вашите опоненти, ниту пред противниците, вели Ахмети.

Укажа дека од 2001 година со донесувањето на Охридскиот договор е променет политичкиот статус на Албанците во земјата. Албанците тука ги сакаа како потстанари, но не и како господари на домот. Но по бројни жртви, и пролеана крв, рече Албанците денес слободно го користат албанското знаме, јазик, имаат три универзитета, имаат полиција и војска каде се претставени со дигнитет.

Се осврна и на соработката со партии и претставници на Македонците и кажа дека никогаш не делувале зад грб и никогаш нема да работат со двојни стандарди, туку транспарентно и со почитување на дадениот збор.

-Има такви кои шират дефетизам, лажни вести и дезинформации, но ДУИ остануваат доследни. Ова се вредности кои со многу мака и жртвување сме ги изградиле. ДУИ остана силна затоа што имаше визија како треба да се реализираат работите, да се дојде до тоа што е постигнато и патот кон кој треба да се движиме. Целото наше делување како организација личи на орелот кој ја следи целта и никогаш не ја испушта од вид. И ние и покрај потешкотиите кои ги имавме верноста во целта никогаш не сме ја изгубиле. Затоа денес сме тука да ги зајакнеме основите на ДУИ за следните 20 години, рече Ахмети.

Во однос на претстојните задачи посочи дека денес најголем предизвик е да се изгради квалитетно образование прифатливо од целата меѓународната заедница, да се унапреди здравството, на владеењето на правото, на ветингот во судство…

– Не очекува една многу тешка задача. Не треба да застанеме на една резолуција за владење на правото и ветингот, туку треба да се одработи сериозна работа за во државата да владее правото, да се спроведе добар и чист ветинг, прочистување на лицата кои ќе управуваат со законодавството. Работите кои не очекуваат во иднина не се ни толку мали. Нам ни останува да бидеме силни и стабилни во насока на полно почитување на Охридскиот  договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство. нема враќање назад. Нема ниту простор ниту време за да гледаме назад, ова се затворени прашања и обезбедуваат една посигурна иднина на РСМ. Секое настојување за ставање раце на овие три елемнти ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери, бидејќи се доведува во прашање иднината на нашите граѓани и идните генерации, вели Ахмети.

Тој додаде дека ДУИ е во комуникација и соработува со сите политички партии, разлики имало, има и сега, но рече разликите не смеат да ги стават под прашање интересите на општеството и државата. Евроатлатските интеграции, рече не може да се заменат со други иницијативи. Се заложи за помирување во регионот, за развој, бидејќи, вели, патот кон создавање стабилност и мир е единствениот евроатлантски пат. Земјата е пред реално челенство во НАТО, а останува да се продолжи работата кон членство во ЕУ. Најави и победа на претстојните предвремени избори.

-На 12 април ќе го имаме првиот предизвик. Сигурен сум дека како што сме запишале за 18 години 16 победи, ќе следи нова на 12 април. Како субјект, движење кое знаеше етнички и политички да балансира во овие простори, така на 12 април нема да победи ДУИ, туку ќе победи државата, ќе победат граѓаните на РСМ затоа што сме знаеле да менаџираме да балансираме, да се соочиме со големи потешкотии и со успех да ги надмине. Затоа овој Конгрес става печат на победа една од најзначајните, порача староновиот лидер на ДУИ.

На Конгресот ДУИ  донесе одредени статутарни промени, се избраа нови партиски тела и се усвоија декларација и пет резолуции кои се однесуваат на консензуална интеграција, ветинг, квалитетот на животот, развој и работни места и младината на прво место.

Next Post
Ване Цветанов / фото: Б. Јордановска

Цветанов јавно го праша Мицкоски: Дали ВМРО-ДПМНЕ спрема списоци за линч?

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk