ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Лидерите од Западен Балкан договорија нови мерки за интензивирање на соработката и забрзување на евроинтеграцијата 

Премиерот Заев истакна дека со оваа иницијатива регионот покажува дека ова е нов Балкан, Балкан на 21 век во којшто седиме и разговараме и сакаме да направиме многу повеќе од тоа што досега сме го правеле.

December 21, 2019 17:53
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ, на состанокот во Тирана во рамки на иницијативата Мал Шенген ги разгледаа резултатите од спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад и договорија нови мерки – една од нив е соработка на дирекциите за заштита и спасување на секоја од земјите од Западен Балкан и во таа насока во февруари во Белград, ќе биде потпишат документот Протокол од Драч, како и унифицирање на на процедурите за издавање работни дозволи.

Четворицата лидери на земјите учеснички и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот, јави известувачот на МИА од Тирана.

Секоја земја во овој процес има прогресивна придобивка и во наредната година ќе имаме 1,2 милиарди евра за да ги реализираме договорите. Овие фондови не се кредити, туку се грантови, порача домаќинот на состанок Рама.

Тој на третата средба на Балканскиот Шенген им се обрати на косовските лидери за одбивањето да седнат на маса на оваа иницијатива, со оценка дека одлуката за невклучување во иницијативата ќе му наштети на Косово.

-Ова повторувачко одбивање на косовските власти да учествуват на оваа маса е несфатливо и штетно за самото Косово, рече Рама и посочи дека раните од минатото не се лекуваат со отров и киселина, туку со лекови.

Албанскиот премиер рече дека оваа иницијатива ќе продолжи и оти договорите ќе се спроведуваат.
-Ако гледаме низ историјата затворањето и одбивањето не донеле добри работи, а особено за новите генерации, рече Рама.

Премиерот Заев истакна дека со оваа иницијатива регионот покажува дека ова е нов Балкан, Балкан на 21 век во којшто седиме и разговараме и сакаме да направиме многу повеќе од тоа што досега сме го правеле. Осврнувајќи се на досега реализираното во рамки на иницијативата Мал Шенген, рече дека 24-часовната соработка којашто ја воспоставивме со Србија веќе ги дава првите резултати од корист и за граѓаните и транспортерите на границата Табановце-Прешево. Од Охрид до сега за четири седмици, додаде, ги потпишавме договорите за граничниот премин Лојане – Миратовац, што е, рече Заев, придобивка за граѓаните за С.Македонија и Србија, но во конкретниов случај и преку 95 проценти за Албанците и од Србија и од Северна Македонија.

-Во февруари на состанокот во Белград верувам дека царинските институции на Северна Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One stop shop на граничниот премин Ќафасан, како што тоа веќе функционира меѓу Србија и Северна Македонија. Главна цел на One stop shop, односно гранични контроли со едно застанување е наскоро да станат Non stop shop – односно да нема повеќе застанувања. Секако спроведувањето на безхартиен систем којшто треба да го воспостават царинските испостави и агенции е цел која што е поставена пред нас, рече Заев.

Неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА за време на претседателството на Албанија особено одлуката за автоматско признавање на овластените економски оператори, додаде Заев, е нешто важно што треба да биде истакнато, како што е и намерата за унифицирање на процедурите за издавање работни дозволи.

-Секако решивме во февруари да потпишеме заеднички меморандум за движење на лица со лична карта и унифицирање на процедурите за работните дозволи на сите граѓани во регионот, односно го преземаме софтверскиот систем од Србија и ние во Северна Македонија и Албанија каде со директно мечирање на нашите Министерства за внатрешни работи, царинските испостави и слично имаме можност на граѓаните на нашата земја и на Албанија директно преку ваквиот софтверски систем тоа да го најават и веднаш ќе следат процедурите за барање работни дозволи, работни визи, односно ќе можат да се вработуваат обострано во сите земји со едноставно приклучување и навремено најавување на овој систем, рече Заев.

Тој, додаде, дека на состанокот станало збор и за создавање можности за кој било жител од која било земја од Америка, Австралија…при влез во овој регион на граничен премин од Унгарија или Грција, Хрватска, повеќе да не му требаат дополнителни визи кога ќе патува низ регионот.

-Значајно е што конечно во овој период Северна Македонија и Албанија очекуваат позитивни пораки оваа пролет затоа што ова што го правиме овде е навистина ЦЕФТА+, Берлински процес+, нешто што можеме да направиме вака сами здружени. Верувам дека тоа нашите граѓани ќе го почувствуваат и дека европските партнери ќе му дадат дополнителна важност, рече Заев.

На новинарско прашање Заев рече дека поддршката на ЕУ и на САД значи само забрзување на нашите интегрирања во ЕУ и ништо повеќе. ЕУ е нашиот пат, европските вредности се нешто што нашите граѓани тоа го очекуваат а нашата должност како лидери на земјите е тоа да им го овозможиме час поскоро.

-Оваа соработка која што ја отвораме може да биде дополнителен акцелератор на отстранување на нетрпението на нашите граѓани за побрзо членство во ЕУ, но секако со причини низ вистински трансформативни процеси коишто ќе не европеизираат. Таа европеизација можеме плус да ја направиме и самите преку ваката соработка која што ја правиме. Гледаме многу простор пред нас и веруваме дека тој простор треба да го искористиме. И не само тоа, должност ни е да работиме во функција на граѓаните, на економијата, на стопанството, на фирмите за да може да донесеме повисок економски стандард час поскоро колку што е можно тоа побрзо да се случи и верувам дека така ќе бидеме подобри служители на нашите граѓани. Но истовремено очекуваме и земјите на ЕУ европските институции тоа да го препознаат како наша сериозно зголемена аспирација за побрзо членство во ЕУ. Ништо повеќе, ништо помалку рече Заев.

Црногорскиот претседател Ѓукановиќ нагласи дека тој во овој дијалог не препознава идеја за некоја друга унија која би била супституција за ЕУ.

-И кога тоа би се појавило наш одговор ќе биде, не, благодарам. Ние сакаме да сме дел од ЕУ и на тој план долго и вредно работиме. Оваа иницијатива е инклузивно, отворена, не поставува услови, не се наметнува никому. За мене постојаното одбивање на косовските власти да дојдат на оваа маса е несфатливо. Овде сме да изградиме мостови меѓу минатото кое не разделува и иднината што не обединува. Во ниту еден случај историјата не покажала дека само изолацијата донела добро за идните генерации, порача Ѓукановиќ.

Српскиот претседател Вучиќ истакна дека преку оваа иницијатива ќе се обидат да формираат единствен пазар на труд , што ќе значи убедливо поголемо привлекување на странските инвеститори.

-Кога Србите и Македонците ќе сакаат да работат во Албанија ќе треба да се евидентираат и потоа да имаат трајна работна дозвола за работа во Албанија. Исто ќе биде и со албанските и македонските работници во Србија. Тоа е од огромно значење, истакна српскиот претседател.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Слабиот моќник на Америка

June 9, 2025

ОЈО ГОКК за утре најави брифинг за случајот со даночно затајување и перење пари, освен Крмзов обезбедени уште две лица

June 9, 2025

Полицијата уапси околу 60 демонстранти во Сан Франциско

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk