Во утринската емисија „Утрински брифинг“, новинарите Сашо Орданоски и Александар Чомовски, имаа телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и му поставија неколку прашања, на кои Христијан Мицкоски, даде исцрпни одговори. Орданоски и Чомовски испуштија круцијален факт значаен за денешниот ден, кој провејуваше низ целото вкрстено телефонско интервју.
Погледнете ги прашањата и одговорите што ги забележа екипата на АХА:
– Сашо Орданоски: Тргнати се сликите на Груевски од Белата палата, господине Мицкоски, што сакате да кажете и покажете со тоа?
– Мицкоски: Денес е две години откако сум лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам на честитката за тоа што сум две години избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сошо Орданоски: Имавте успешен собир пред некој ден, каде добар дел од екипата на Груевски беше присутна на настанот. Ве прашувам, дали има, или нема дисконтинуите на сегашното раководство со личностите од претходната власт на Груевски?
– Мицкоски: Денес е две години откако сум лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам на честитката што сум две години избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Александар Чомовски: ДУИ испостави три барања за коалиција со партиите од македонскиот блок. Што мислите околу коалицирањето со ДУИ и условот за коалицирање со барање да се почитуваат договорите со Грција и Бугарија?
– Мицкоски: Денес е две години откако сум лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам на честитката што сум две години избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Чомовски: Вашиот потпретседател вели ако имате двотретинско мнозинство во Парламентот, ќе го поништите преспанскиот договор?
Мицкоски: Денес е две години откако сум лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на честитката што сум две години избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш му го честитаме двогодишниот мандат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, завршија Орданоски и Чомовски.
Кон честитките до Мицкоски се придружува и екипата на АХА!, истовремено упатувајќи официјална протесна нота кон Орданоски и Чомовски, за страшниот превид од новинарите за време на интервјуто.
пишува: РИБАРО
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK