Именувањето на досегашната министерка за труд Мила Царовска на местото на Кочо Анѓушев за нов вицепремиер за економски прашања изненади многумина, но премиерот Заев вели дека верува во нејзиниот успех и во овој ресор. Ова во интервју за Дојче веле кое ќе биде објавено утре, го кажува премиерот Зоран Заев кој ja објаснува одлуката да ја именува Мила Царовска за вицепремиер за економски прашања.
„Верувам дека менаџментот на, веќе искусната Мила Царовска, во овој сектор и тоа како може да биде успешен. Верувам дека тој ресор, како потпретседател на Владата за економски прашања ќе продолжи успешно да го движи, за да имаме уште поуспешни економски политики, од оние кои ги имаме денес“, вели Заев во интервју за Дојче веле.
Ставовите на премиерот во заминување за состојбите во правосудството, економските политики на Владата, иднината на Преспанскиот договор и претстојните избори читајте ги утре на нашата интернет страница.
https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%83%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/av-51814131?fbclid=IwAR0byRf5vYuMq8TLe0rr1IDBIL3pIM2JTN49LFIev3KQsf3vtESa0l1OeMU