ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потпишани договори за изградба на градинки во четири општини

Царовска: Предучилишното образование го ставаме на врвот на пирамидата на образование

December 31, 2019 14:34
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во општините Карпош, Валандово, Пробиштип и Арачиново ќе биде зголемен капацитетот за згрижување деца од претшколска возраст преку изградба на детски градинки со средства во висина од 134 милиони денари, дел од грант на Светска банка за оваа намена. Со изградбата на овие детски градинки ќе се обезбедат дополнителни места за згрижување на околу 320 деца, пренесе МИА.

За оваа цел денеска во Владата беа потпишани договори меѓу Министерството за труд и социјална политика  и овие четири општини.

-Ние како Министерство за труд и социјална политика и Владата презедовме обврска дека до 2024 година ќе отвориме нови 7.500 работни места во предучилишното воспитание, а тоа е директна инвестиција во децата. Со овие четири, годинава ја затвораме со 13 потпишани договори за изградба на градинки во наредната и во 2021 година, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со ова, додаде таа, покажуваме дека предучилишното образование го ставаме на врвот на пирамидата на образование, бидејќи стартот на децата е навистина е важен за нивниот натамошен развој и подготвеност да се соочат со предизвиците во животот.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев рече дека во изминатиот период Општината реконструирала повеќе детски граднки, а изградила и една целосно нова градинка во Бардовци, и изграден е нов објект на градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе. Со денеска потпишаниот  договор, рече Богоев, ќе биде изграден нов објект на градинката „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.

Нови градинки ќе се градат и во Валандово и и Прибиштип. Со ова, како што рекоа градоначалниците се продолжува со инвестирање во детската заштита. Во Пробиштип, како што рече градоначалникот  Драган Анастасов, комплетно ќе се реши проблемот со згрижување на деца од претшколска возраст.

За Арачиново, според претставникот од оваа општина Ирфан Илмани, ова е историски момент, бидејќи како што рече ќе се озвозможи изградба на првата детска градинка.

Next Post

Шекеринска: 2020 ќе биде безбедна, сојузничка, посилна година

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk