Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихетеровата скала ноќеска по полноќ. Според податоците, епицентарот на земјотресот бил 27 километри северо-западно од Драч во Јадранското море на длабочина од 10 километри; пренесе Слободен печат.
Земјотресот бил регистриран во 2.53 часот, а бил почувствуван и во северозападните делови на земјава.
За потсетување, Албанија на 26 ноември минатата година беше погодена од силен земјотрес од 6.4 степени според Рихтеровата скала. Од земјотресот животот го загубија 51 лице додека, илјадници други беа повредени.





































































































