коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Се сеќавате ли на земјоделските протести во кои најмалку имаше земјоделци, а другото беше партиска местенка и манипулација со маката на земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ?
Погодувате чиј е гласот од аудио снимката што се ширеше по социјалните мрежи во која се слуша: Протестиве што ги правиме со земјоделциве се отприлика 99%, ако не и 100% наши луѓе?! Слушнете за потсетување, како сегашниот заменик-техничкиот министер Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги организирал „земјоделските“ протести што беа фингирани некаде кон крајот на октомври 2019 година.
Тогаш, онлајн заедницата и граѓанските новинари успеаја многу брзо да ги откријат и разобличат лажните земјоделци, споделувајќи со јавноста огромен број податоци за тоа што се случуваше зад параваните. Едноставно, јавноста ја препозна играта на ВМРО-ДПМНЕ и го откри вистинскиот идентитет на голем број лажни земјоделци, ги откри нивните имиња и вистински занимања и позиции, односно партиски функции.
Многу помогнаа и порталите и телевизиите кои се најдоа на лице место и ги интервјуираа дел од „земјоделците“ протестирачи. Најмногу внимание на тие протести секако предизвика младата Пепица, функционерка во УМС на ВМРО-ДПМНЕ, од мајка пратеничка и татко партиски функционер, вработен во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, таа се претвори во „земјоделка“.
Она што сепак остана да се памети е улогата на високите партиски функционери и секако улогата на сегашниот заменик-технички министер за земјоделие Цветан Трипуновски во тогашните „земјоделски“ протести.
Покрај аудио снимката, Цветан Трипуновски на неколку пати во камера можеше да се забележи како суфлира и истапува во име на земјоделците кои наводно го организирале протестот. Или Цветан Трипуновски и буквално стоеше позади лидерите на фингираните протести.
На видео снимката од 19 септември 2019 може да се препознаат истите ликови, а Цветан е во главна улога и во дијалог со министерот Димковски. Како да го занемариме фактот дека тогаш „земјоделците“ организираа протест, а кога ги праша министерот кои се нивните барања, не знаеја да ги кажат и викаа оркестрирано – оставка, оставка…
Ете тоа се тие вмровски еманципирани кадри со чисти досиеја (иако нели и во момнетот кога стапува на функција ЈО има кривична пријава за злоупотреба на службената должност против Цветан Трипуновски), што „реформираното“ ДПМНЕ има да ги понуди.