ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските граѓани не се откажуваат од зимување во Бугарија

– Најверојатно близината, пристапните цени и големиот избор за сместување се причината поради која бугарските туристички центри сè уште се најинтересни за македонските граѓани

January 6, 2020 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зимските туристички центри во Бугарија го држат приматот на топ-дестинации во кои македонските граѓани сакаат да одат на зимување. Вистинските скијачи ги преферираат Боровец и Пампорово, а оние кои сакаат и да прошетаат се заинтересирани за понудите во Банско.

– Најверојатно близината, пристапните цени и големиот избор за сместување се причината поради која овие туристички центри сè уште се најинтересни за македонските граѓани, велат од туристичките агенции со кои контактираше МИА.

Од туристичката агенција „Кондор“ посочуваат дека поголем интерес за зимување имаат за Боровец и за Пампорово, отколку за Банско, кое е поактуелно за новогодишните празници.

Во споредба со минатата година, нема поголема разлика во цените. Така, аранжманите за полупансион во хотелите во Банско почнуваат од 30-тина евра дневно, а слични се и цените во хотелските комплекси на Боровец. Поевтино е на Пампорово, каде што полупансион во просек е околу 25 евра, а само за ноќевање и појадок може да се најдат и аранжмани по 20-тина евра.

– Интерес има, но бидејќи овие туристички центри се блиску и граѓаните одат често, многумина од нив сами си наоѓаат сместување, посочуваат од туристичката агенција „Атлантик турс“.

Има интерес и за Копаоник и за Златибор во Србија, каде што може да се најде сместување со појадок и за околу 40 евра или за полупансион од околу 100 евра. Поголем интерес има за Копаоник, за разлика од Златибор, кој е повеќе за вонсезонско планинско одморање.

Дел од понудата на туристичките агенции е и Словенија. Се нудат аранжмани со наем или на база полупансион со цени што почнуваат од околу 100 евра по лице, но во понудите не е вклучен превозот. Поевтини се аранжманите на Мариборско Похорје, отколку на Крањска Гора, која се наоѓа во близина на границата со Австрија и Италија.

Дел од љубителите на зимскиот спорт сакаат да одат на скијање и на Алпите. Во престижниот француски ски-центар Вал Торанс се нудат пакет-аранжмани за студио за четири лица за седум ноќи со шестдневен ски-билет и автобуски превоз по цена од 450 евра.

– Од подалечните алпски скијања интересни се Австрија и Франција. Таму одат љубителите на скијањето и нив ги интересира апартман да преспијат, а картата за скијање чини исто како и во Банско, нагласуваат од туристичката агенција „Пет“.

Граѓаните кои ќе се одлучат да го поминат зимскиот период во некој од туристичките центри ќе треба да одвојат и по некое евро и за плаќање туристичка такса, која не е вклучена во аранжманите што ги нудат туристичките агенции.

Next Post

Ќерката на Сулејмани се закани на американските војници на Блискиот исток

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk