ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Протест во Ѓаковица против посетата на српските верници по повод Божик

Неколку невладини организации и граѓански здруженија на косовските Албанци најавија за денеска протест во градот Ѓаковица, во западно Косово, со цел да ги спречат верниците од Србија да го посетат тамошниот православен манастир по повод верскиот празник Божик. Според организаторите, ваквите посети на иселените Срби на нејзиниот град, во кој во последната војна имаше голем број жртви и масовни уништувања на имотите, претставува „провокација и повторно убивање“ на нејзините сограѓани.

January 6, 2020 12:24
in РЕГИОН
фото: novosti.rs

фото: novosti.rs

Share on FacebookShare on Twitter

Неколку невладини организации и граѓански здруженија на косовските Албанци најавија за денеска протест во градот Ѓаковица, во западно Косово, со цел да ги спречат верниците од Србија да го посетат тамошниот православен манастир по повод верскиот празник Божик, јави дописникот на МИА од Приштина.

Верници од српска националност по потекло од регионот на Ѓаковица, кои се иселени во Србија, традиционално, по повод Божик и другите православни празници, ја посетуваат црквата во тој град. Меѓутоа, последните години локалното албанско население ги спречува во намерата, со образложение дека многумина од наводните верници се поранешни припадници на српските полициски и паравоени единици кои извршиле злосторства врз цивилното население во војната во 1998-99 година.

Членката на Комисија за исчезнати лица при Владата на Косово, Несрете Кумнова изјави за телевизијата КТВ дека ваквите посети на иселените Срби на нејзиниот град, во кој во последната војна имаше голем број жртви и масовни уништувања на имотите, претставува „провокација и повторно убивање“ на нејзините сограѓани.

Кумнова изјави дека очекува протестот да биде поддржан од сите граѓани, како и од државните институции.

Протестот преку објава на социјалните мрежи е закажан за утрово во 8.30 часот пред православната црква во Ѓаковица. 

Next Post

Спасовски: Да го понесеме доброто како чест и да продолжиме заедно по патот на мирот и спокојот

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk