ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тачи денеска ќе му го додели мандатот на Курти за новата влада на Косово

Новата влада на Косово се очекува да ја формираат Самоопределување и второрангираната партија на вонредните избори одржани на 6 октомври, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на чие чело е Иса Мустафа.

January 6, 2020 11:10
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Косово Хашим Тачи се очекува денеска да му го додели мандатот за формирање на новата косовска влада на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина, пренесе МИА.

Информацијата дека денешната средба, закажана за во 15 часот, ќе се одржи, вчера ја потврдија и кабинетот на Тачи и партијата на Курти.

Претходно, на 27 декември, ден по конституирањето на новото Собрание на Косово, Курти ги одби двете покани на Тачи – едната за во 13.30 и втората за во 20 часот, со формално образложение дека има „други обврски“.

Согласно косовските закони, откако ќе го добие мандатот, мандатарот има рок од 15 дена да му го предложи на Собранието составот на владиниот кабинет. Доколку тој не успее да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство, претседателот, согласно Уставот, треба да го понуди мандатот на лидерот на второрангираната партија на изборите, а доколку и тој не успее да формира влада земјата оди на предвремени избори.

Двете досега опозициски партии ги започнаа преговорите за заедничка влада веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето, но тие запнаа откако партијата на Мустафа како услов го постави добивањето на местото на претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му истече мандатот на актуеллниот претседател Хашим Тачи. Партијата на Курти го одби овој услов, барајќи за тоа прашање да се разговара кога ќе дојде време да се избира новиот претседател.

Работните групи на ВВ и ЛДК пред да настапи застојот ја договорија програмата на идната влада, како и поделбата на ресори во идниот кабинет на Курти, кој ќе има 12 министерства, од кои едно ќе им припадне на претставниците на српската и една но шесте други малцински етнички заедници, а по пет на двата главни коалициски партнери.

Next Post

Минатата 2019, година на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните, но остануваат предизвици

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk