ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Стоп за говорот на омразата и лажните вести!

ЦИВИЛ нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда! – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

January 8, 2020 14:57
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, остро реагира на зголемениот интензитет на објавување на лажни вести и говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

Имаме повеќе од доволно причини да тврдиме дека интензивирањето на објавување на лажните вести и говорот на омразата е последица од деструктивното дејствување на одредени политички структури во земјата. Бараме од политичките партии да му стават крај на ваквиот стил во јавната комуникација и да го променат начинот на водење политичка кампања.

Во текот на континуираниот мониторинг на политичките процеси и настани во Република Северна Македонија, ЦИВИЛ нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда!

Исто така, ЦИВИЛ бара од релевантните институции да бидат поенергични и поактивни во следењето и законското санкционирање на црната пропаганда, лажните вести и говорот на омразата. ЦИВИЛ бара од институциите да ги заштитат и авторките и авторите на анализи, колумни, информативни прилози и истражувања во медиумите и невладините организации. И тие имаат право на заштита!

Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува и јавноста, сите граѓанки и граѓани внимателно и критички да ги следат медиумите и гласилата на политичките партии. Секоја манипулативна содржина и изворот на таквите содржини треба решително и отворено да се отфрли, а не да се мултиплицира. Коментарите на таквите содржини се излишни, а особено говорот на омраза во одговор на таквите содржини само ја продлабочува тензијата и паѓањето на нивото.

Воедно, од организацијата уште еднаш потсетуваат дека граѓанките и граѓаните имаат можност да се вклучат во борбата против девијантните појави во јавната комуникација. На веб страницата Граѓански објектив постои посебна рубрика ПРИЈАВИ, каде што може да се пријавуваат лажни вести или говор на омраза. Во истата рубрика се поместени и пријави за корупција, како и за секаков вид кршење на човековите права и слободи. Често се случува да има повеќе елементи, па оние што сакаат да се вклучат во мониторингот да не се сигурни во која категорија треба да го пријават случајот.

„Важно е да се пријави, да се учествува, за класификациите и анализите има кој да се погрижи“ – објаснуваат во ЦИВИЛ.

Граѓанското учество во борбата против појавите и практиките кои се закана за демократијата и владеењето на правото се пресудни!

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Преземањето на соопштението е дозволено и бесплатно. Илустрацијата е заштитена со авторски права.

Next Post

Шест милиони денари за помош во Австралија, одлучи Владата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk