ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Министерството за правда: Судиите, адвокатите и обвинителите да го почитуваат законот

Сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – тоа да биде санкционирано, апелираат од Министерството за правда откако претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев побара од Адвотатската комора, МВР и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот на јавноста познат како „ТНТ“

January 8, 2020 13:56
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – тоа да биде санкционирано, апелираат од Министерството за правда откако претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев побара од Адвотатската комора, МВР и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот на јавноста познат како „ТНТ“, пренесува МИА.

-Министерството за правда во изминатиов период работеше на усогласување на законската рамка за независно, непристрасно и ефикасно судство. Очекуваме сите фактори во сферата на правосудството, судовите, Судскиот совет, Адвокатската комора, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, да работат согласно законите со цел да се врати довербата во правосудниот систем, се наведува во реакцијата од Министерството за правда.

Единствено судски постапки, како што посочуваат од Министерството, кои се водат во разумен рок со почитување на правата на обвинетите, судски постапки во кои не се злоупотребуваат процесни права и судски постапки во кои судиите судат врз основа на утврдени докази, а не под притисок на кој било може да резултираат со судски одлуки кои ќе бидат основа на градење на систем заснован на правда.

-Од тие причини, апелираме сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите, да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – истото да биде санкционирано. Министерството за правда досега не коментираше актуелни судски постапки и останува на тој став, почитувајќи го принципот на немешање на извршната во судската власт, стои во реакцијата од Министерството за правда.

Next Post

Шкријељ: Над 450 деца Роми од семејства во социјален ризик се ослободени од плаќање градинка

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk