Кабинентот на техничкиот министер за за внатрешни работи, прогласи вонредна ситуација. Утрово е издадена наредба цела полиција да започне потера по едно одметнато возило на министерството, а кое министерот тврди дека е мора да се стави во функција за потребите на неговиот кабинет.
На секој полицаец во државата, заедно со наредбата, на која има печат од партијата што го назначи министерот, има и прилог, фотографија од одметнатото возило.
Се повикуваат граѓанките и граѓаните да пријават во најблиската полициска станица доколку имаат информација за возилото што му треба на техничкиот министер. За секоја корисна информација што може да води до фаќање на одметнатото возило, чесните пријавувачи ќе добијат црвен чадор со број 19.
Џенем бег Јлдрм (Cenem beg Yıldırım)
експерт за Мала Азија и СССР
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK