ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Обрадовиќ: Бојкот на изборите или модел со техничка влада како во Северна Македонија

Обрадовиќ кажа дека договорот треба да се донесе во Собранието во форма на lex specialis (специјален закон), кој би го поддржале сите пратеници, додека неговото спроведување би било гарантирано од преодна, техничка влада.

January 13, 2020 16:23
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во полемиката во Србија околу измената на Изборниот закон со намалување на цензусот за влез во собранието од сегашните пет на три проценти, се огласи и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој оцени дека „ако може да се менува изборниот законик, тогаш може и да се одложат изборите преку договор со власта според моделот на Северна Македонија.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ во соопштение оценува дека изборниот цензус се намалува заради бојкотот на „најголемите опозициски партии“, но и за политичките опции и партии кои се поддржани од власта да можат да го надминат минималниот цензус и во собранието да “глумат повеќепартиска парламентарна демократија.“

-Ако изборните закони можат да се менуваат два месеци пред изборите, тогаш можат и да се одложат изборите и со потпишување на договор меѓу власта и опозицијата за слободни и фер избори, за девет месеци да се одржат нормални избори.

Обрадовиќ кажа дека договорот треба да се донесе во Собранието во форма на lex specialis (специјален закон), кој би го поддржале сите пратеници, додека неговото спроведување би било гарантирано од преодна, техничка влада.

-Како што е во моментов случајот во Северна Македонија, според Пржинскиот договор или како што минатата година, на ист начин беа организирани парламентарни избори во Австрија, заклучи Обрадовиќ.

За фомирање на техничка влада во Србија пред пролетните избори, според македонскиот модел, се заложи и лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас во интервјуто за МИА пред месец дена.

Претседател Александар Вучиќ, синоќа на ТВ Пинк изјави дека се „залага за намалување на изборниот цензус на три проценти, поради тоа што на „тој начин ќе се преслика јавното мнение во собранието.“

-Животот ќе се врати во парламентот, со што ќе се врати нормалноста во Србија, кажа српскиот претседател.

Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека со намалување на цензусот се загрозени правата на опозицијата.

Next Post

Агенција за филм: Историски настан за македонската кинематографија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk