Албанија се заинтересирала за проектот МојДДВ, откако од Управата за јавни приходи им бил презентиран и им биле пренесени македонските искуства.
Денеска, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај.
Таа на својот „Фејсбук“ профил објави дека на колегите од Албанија им ги пренеле искуствата од #МојДДВ.
Лукаревска вели дека тие се заинтересирани за воведување на ваква реформа и во Албанија, при што имале можност одблиску да го запознаат начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем.
Директорката со задоволство истакнува дека „МојДДВ“ ги докажува добрите резултати и надвор од нашата држава.