ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прва јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“ во Штип

January 16, 2020 17:03
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На првата јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“, што денеска се одржа во Штип се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, проф. Зоран Здравев од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ и Хајди Клинчарска, од компанијата „Лупифај“.

Дополнително беше отворен и регистрациониот пулт, во рамки на општина Штип, каде што граѓаните кои нема да можат сами да се регистрираат на порталот за е-услуги, тоа ќе можат да го направат со помош на овластено службено лице.

Министерот Манчевски ги претстави системите кои претходеа пред пуштање во употреба на порталот за е-услуги. Тој се осврна на Каталогот на услуги, што претставува основата каде граѓаните конечно на едно место можат да ги добијат информациите за сите услуги кои инсттиуциите ги нудат, сите потребни документи за остварување на своите права, како и временската рамка за добивање на услугите.

Дополнително, Регистарот на население, претставува база каде се складирани унифисирани, верифицирани и валидизирани податоци за сите граѓани. На овој начин, се надмина проблемот на различни податоци во различни бази.

Како што истакна министерот Манчевски, овие системи поддржани од платформата за интероперабилност, се основата за функционирање на порталот за е-услуги.

Во овој момент на порталот достапни се 128 електронски услуги, а 7.435 корисници се веќе регистрирани и ги користат овие услуги.

Градоначалникот на Штип Бочварски потенцираше дека општината, односно локалната самоуправа се првото место коешто граѓаните го препознаваат како врска помеѓу нив и државата и затоа тие треба да функционираат како вистински сервис на граѓаните за услугите кои им се најпотребни.

„Порталот е-услуги значи големо олеснување за потребите на граѓаните посебно кога се во прашање административните процеси. Како градоначалник сакам да ја потенцирам важноста на оваа трибина затоа што граѓаните можат да се информираат кои се услугите до коишто ќе имаат пристап преку порталот е-услуги и со тоа да заштедат од своето време“, рече градоначалникот Бочварски.

Професорот Зоран Здравев, зборуваше за трите фактори кои се основа за дигиталната трансформација на нашата држава. Тоа е ИТ инфраструктурата, правната рамка и едукацијата односно дигиталните вештини. Како што потенцираше тој, неопходно е постојано да се вложува во обука на нашите граѓани, за да бидат дигитално писмени и да бидат во чекот со модерните трендови.

Хајди Клинчарска, се осврна на нејзиното лично искуство, подвлекувајќи паралела помеѓу дигитализацијата во јавната администрација и дигитализацијата во приватниот сектор.

„За обичниот граѓанин е важно да има лесен пристап до информации за стипендии, вработување, даноци, социјална помош и како да ги искористи, кои се потребните документи. За бизнис секторот е важно што он-лајн се лесно достапни сите закони, потврди, измени и новости. Ние како компанија одамна целосно го имаме автоматизирано процесот на регрутација,закажување на интервјуа, доставување одговори за апликантите. Замислете го истиот систем, но во служба на граганите – да добиете известување по e-пошта или смс порака кога некоj документ ви е подготвен за подигнување. Да добиете потсетник 3 месеци пред да истече важноста на некој од вашите документи. Затоа ме радува што и јавниот сектор во нашата држава ги следи светските трендови и работи на дигитализација. Се радувам што јас како менаџер на компанијата во последно време не морам да ја напуштам мојата канцеларија, а сепак можам успешно да го водам својот бизнис. Од овие причини, сакам да го пофалам овој процес,“ истакна Клинчарска.

На денешниот настан, беше извршена и презентација на просторот каде што граѓаните ќе можат да се регистрираат на порталот за е-услуги, а се наоѓа во зградата на општина Штип.

Во декември, 2019-та започна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.

Дигитализацијата е стратешки приоритет за МИОА, но и за Владата на Северна Македонија. Во тој контекст во изминатите две години реализирани беа повеќе мерки и активности, пред се насочени кон дигитализација на услугите и зголемување на транспарентноста во работењето на институциите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk