ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти го побара мандатот за премиер без договор за коалиција со ЛДК

Ние не го прифативме последниот предлог на водачите на ЛДК, но изразивме голема готовност за натамошни средби со цел изнаоѓање други алтернативи кои би биле прифатливи за двете страни, вели Курти.

January 20, 2020 11:50
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти изјави дека денешното барање за добивање на мандатот за состав на новата Влада на Косово го доставил до претседателот на државата Хашим Тачи без претходно да постигне договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Во видео-порака објавена на социјалните мрежи, Курти ја повика ЛДК повторно да седнат на преговарачка маса за да постигнат договор за заедничка влада.

– Предлогот на ВВ за премиер, како субјект победник на изборите од 6 октомври, сакавме да го доставиме до претседателот откако ќе постигнеме договор со ЛДК. На конститутивната седница на Собранието, на 26 декември, отидов без да имам договор, како што и кај претседателот на 6 јануари отидов без претходен договор. И сега, две недели по таа четириминутна средба, се уште немаме договор за новата влада и ние денеска го испраќаме нашиот предлог до претседателот. Ние не го прифативме последниот предлог на водачите на ЛДК, но изразивме голема готовност за натамошни средби со цел изнаоѓање други алтернативи кои би биле прифатливи за двете страни, вели Курти.

За лидерот на ВВ е неприфатливо инсистирањето на ЛДК да го добие местото собраниски спикер, наспроти тоа што на конститутивната седница на Собранието на таа позиција беше избран Глаук Коњуфца од ВВ.

– Не можеме да се враќаме во минатото, не можеме да се враќаме во 2019 година. Ставот дека „ќе се видиме на церемонијата на потпишување на договорот“, односно ставот „земи или остави“ значи остави. Јас верувам дека ние можеме да се вратиме и должни сме ви на сите да се вратиме на преговарачката маса и да не ја напуштиме се додека не најдеме заеднички јазик и не го постигнеме нашиот договор, порача Курти.

ВВ, како партија победничка на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, претпладнево написмено го извести Тачи дека Курти е нејзиниот предлог за мандатар за состав на новата косовска влада. По ова, Тачи го покани Курти на средба во претседателскиот кабинет, денеска во 12 часот, за да му го предаде мандатот.

Next Post

Мистериозно бегство на 75 затвореници од затвор во источен Парагвај

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk