Горан Ангелов, кој е разрешен од директорската позиција во Дрисла, во вечерашното телефонско вклучување на дебатата на ТВ 24 уверуваше дека депонијата не увезувала опасен отпад, пренесе Фокус.
„Во Бугарија се увезуваат стотици илјади тони отпад за соговорување. Има многу термоцентрали кои работат со тоа. Се направи таква една фама, а јас сум таму 15 отсто сопственик, веројатно затоа што бев директор на депонијата во Македонија. Тврдам со мојата глава, со мојата чест, сè што имам, Дрисла нема увезено ниту еден килограм отпад. Треба да се фокусираме на идинатата, треба да се направи фабриката за селекција“, рече Ангелов.
Инаку, со документите кои денеска беа предадени во Централниот регистар е официјализирано разрешувањето на досегашниот директор Горан Ангелов, а на негово место е назначен Коста Начевски кој во 2013 беше кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и новиот директор на Дрисла, Коста Начевски утре ќе ја посетат депонијата. Ова го најави Никола Наумовски од Град Скопје на вечерашната дебата на МРТ.
Тој соопшти и дека во Дрисла ќе бидат поканети и невладините организации кои се занимаваат со животната средина.