ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Хрватска и Северна Македонија ги имаат прифатено европските вредности за неправење разлика меѓу етничките заедници

– Изминатите денови сме сведоци на ангажманот на Хрватска во својство на претседавач со ЕУ и на премиерот Пленковиќ кој на прво место го истакна ангажманот да ги увери европските лидери дека Северна Македонија заслужува да ги отвори пристапните преговори. Во тој дух на пријателски односи и силна и потврдена поддршка на Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе тежнееме и положбата на националните малцинства биде во склад со вкупната политика на нашите две земји, рече амбасадорката Тигањ.

January 21, 2020 12:57
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Хрватска како земја членка на ЕУ и Северна Македонија како кандидат за членство на чекор до отпочнување на преговорите со Унијата ги имаат прифатено европските  вредности за почитување солидарност и неправење разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници. Националната стратегија за развој на концептот „Еднакво општество за сите“ усвоена пред нова година, треба да придонесе за еднаквоста и интеграцијата на општеството преку интеркултурен дијалог и интеракција помеѓу мноштвото различни култури и идентитети, вклучително и етничките заедници, со што се врши целосно усогласување на меѓународните обврски и препораки на клучните меѓународни организации – ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ.

Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на еднодневната конференција насловена „Статус и положба на национални малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“ организирана од Заедницата на Хрватите во Северна Македонија под покровителство на Агенцијата за остварување на права на задниците“, во рамки на проект финансиран од Европската комисија.
-Јас сум застапник на ставовите дека правата на граѓаните во демократски уредени држави не се еднаш засекогаш дадени и дека секогаш можат да се унапредуваат. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Ќе продолжиме да ги учиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста и недискриминацијата по сите основи се придобивки кои можат уште повеќе да не поврзат, рече Спасовски со уверување дека од конференцијата ќе произлезат насоки за унапредување на правата на граѓаните во двете држави како што доликува, вели, на земји со докажано традиционално заемно пријателство.
Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ истакна дека двете земји имаат навистина пријателски односи, а мост на пријателството се и заедниците на Хрватите во Северна Македонија и на Македонците во  Хрватска. Изрази надеж дека хравтското малцинство во нашата земја ќе има компатибилна положба со таа на македонското малцинство во Хрвтска и оти со претстваниците на институциите во Северна Македонија ќе пронајдат начин како Хрватите овде да станат интегративен дел од државата и општеството.
– Изминатите денови сме сведоци на ангажманот на Хрватска во својство на претседавач со ЕУ и на премиерот Пленковиќ кој на прво место го истакна ангажманот да ги увери европските лидери дека Северна Македонија заслужува да ги отвори пристапните преговори. Во тој дух на пријателски односи и силна и потврдена поддршка на Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе тежнееме и положбата на националните малцинства биде во склад со вкупната политика на нашите две земји, рече амбасадорката Тигањ.
На форумот се обрати и заменик државниот секретар во Средишната канцеларија за Хрвати во Република Хрватска, Дарио Магдиќ, кој истакна дека Хрватска во својот Устав ги има наведено сите 22 национални малцинства и има Уставен закон за национални малцинства со што е создадена нормативна рамка за заштита на правата на националните малцинства според највисоките европски стандарди, а се осврна и на очекувањата за натамошно унапредување на статусот на хрватската заедница во соработка со македонците институции и претставниците на хрватското малцинство.
Набројувањето на сите национални малцинства во Уставот по примерот на Хрватска на конференцијата беше истакнато од организаторот како модел кој може да се имплементира и во Северна Македонија со што сите заедници вклучително и хрватската заедница би си го нашле своето релевантно место во сите правни акти, а со тоа и статусот во Република Северна Македонија.
Next Post

Почнува второто полугодие со поголеми плати за наставниците

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk