ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Политичкиот дилетант Мицкоски

Таман мислиш дека ќе се бар малку прагматични или бар малку паметни, па ќе искористат ситуација кога Заев и владата со сиот политички ризик ти решава децениски проблеми со компромис - те смирува со сите соседи, те запишува во ОН без понижувачката референца ФИРОМ, со дефиниран македонски јазик и македонска националност, во таква една консталација ти да се закануваш со ревизија на Преспанскиот договор, нависттина е несфатливо, па доаѓало тоа и од еден политички дилетант како што е Мицкоски.

January 21, 2020 13:49
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

И повторно мантраат денес вмровците со соопштение од Белата палата, па велат: „Доколку освоиме двотретинско мнозинство ќе сториме сè што е можно да ги коригираме штетите од Заев“. Низ целото соопштение буквално се закануваат со ревизија на Преспанскиот договор.

Таман мислиш дека ќе се бар малку прагматични, или бар малку паметни, па ќе искористат ситуација кога Заев и владата со сиот политички ризик ти решава децениски проблеми со компромис – те смирува со сите соседи, те запишува во ОН без понижувачката референца ФИРОМ, со дефиниран македонски јазик и македонска националност, во таква една консталација ти да се закануваш со ревизија на Преспанскиот договор, навистина е несфатливо, па доаѓало тоа и од еден политички дилетант како што е Мицкоски.

И сето тоа во ситуација кога сите тие компромиси те поместуваат, ма те катапултираат како членка на НАТО, како фактор  на стабилност на Балканот, и да не беше онаа политичка тирада на покажување мускули на Макрон кон другите членки, а пред се кон Меркел, ќе се легитимиравме и како држава со пристапни преговори со ЕУ. Ете, тоа се фактите кои Мицковци упорно нè убедуваат дека се на наша штета и покрај сета меѓународна поддршка која нашата земја ја добива токму и конкретно за Преспанскиот договор.

Мицковци само од за нив разбирливи причини се обидуваат Преспанскиот договор да го стават во контекст и на сите аномалии со кои се судрува општеството, а нели сите осетивме на свој грб колку тие придонесоа со нивното погубно децениско владеење, па мешаат Мицковци од загадување на воздухот, до не ефикасно судство, социјални проблеми. Велат дека се апокалиптични сценаријата дека со ревизија токму на Преспанскиот договор, државата ја враќаме назад во егзистенционална неизвеност, а мижат пред тоа дека сите наши добронамерни сојузници ни кажуваат (со членството во НАТО и ни докажува), дека само со тој компромис државата оди во фамилијата на прогресивниот свет, кон кој се нашите децениски стремежи. И знаете, убедени се дека ќе нè направат и нас сите при очи слепи. Која дијагноза, човече, да не ти се верува?!

Да ја имаш таа отскочна даска, да го имаш сето тоа на тацна ставено, како што сега го имаат вмровците, буквално пред нос да ти е донесено, а да се закануваш дека ако дојдеш на власт ќе го ревидираш тоа (читај ќе го однесеш во неповрат), ти или си политички тотално неписмен, или тотално бесрамно си ги потценуваш своите граѓани евентуални потенцијални гласачи, или пак баш ти е гајле за просперитетот на државата и граѓаните. Четврто нема!

Во друга некоја комотна ситуација ова нивно двотретинско очекување кое е од жанрот научна фантастика ќе го третирав од онаа смешна страна, но овде се работи за една многу сериозна потенцијална ситуација, што и тоа како заслужува сериозен пристап. Луѓе мои,  изборите на 12 април се за помалку од 3 месеци, а Мицкоски мртов сериозен се заканува со ревизија на единствениот услов кој нè прибра под закрилата на НАТО и ЕУ интеграциите. Нели е тоа многу опасно?!

Многу често си го поставувам прашањето, како е можно да си до толку политички ќорав, како е можно сè уште да си ја поставуваш така извитоперено и да ја гледаш низ една тотална замаглена и промаршена политичка диоптрија и сè уште слепо да се држиш до тезата за поништување на Преспанскиот договор, кога толку очигледно е дека тоа неминовно значи политичко себеуништување и неминовно евентуално повлекува изолирање и уништување на просперитетот на државата и граѓаните.

Но, тоа е тоа драги мои, Мицковци и неговите вмровско-груевистички остатоци не знаат ништо поинаку и ништо повеќе од еден гол популизам и беден национализам на кој се провлекуваат еве веќе две и кусур децении.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

ОБСЕ ќе мониторира судски процеси за висок криминал и корупција

Shortcut

Најново

Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk