ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

УСЈЕ ги покануваат „О2 коалицијата“ да ги посетат во кое било време

Од УСЈЕ велат дека се отворена компанија која работи транспаретно и ги споделува сите информации поврзани со своите активности затоа во духот на транспарентноста сакаат уште еднаш јавно да ги повикаат претставниците на „О2 коалиција“ да дојдат и да ги посетат во време, како што велат, кое ним им одговара за да можат детално да се запознаат со нивното работење.

January 24, 2020 11:30
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Борбата за чиста животна средина е обврска на сите субјекти, а таа мора да биде темелена на вистински и точни аргументи и разумен став“, порачуваат од Цементарница УСЈЕ во најновото соопштение, а пренсе МКД.МК.

Од УСЈЕ велат дека се отворена компанија која работи транспаретно и ги споделува сите информации поврзани со своите активности затоа во духот на транспарентноста сакаат уште еднаш јавно да ги повикаат претставниците на „О2 коалиција“ да дојдат и да ги посетат во време, како што велат, кое ним им одговара за да можат детално да се запознаат со нивното работење.

„Само така ќе можеме сите заедно да креираме ставови темелени на факти и понатаму да дојдеме до решенија и мерки што ќе бидат од корист на јавноста и ќе донесат реално подобрување на состојбите. До нашата средба која се надеваме ќе биде многу скоро, сакаме да појасниме одредени наводи изнесени во јавноста кои не кореспондираат со реалната состојба“, велат од УСЈЕ.

„Во Цементарница УСЈЕ од алтернативни горива се користи биомаса и преработени фракции од неопасен отпад. Во 2019 година иако беа дозволени 25-35%, замената на фосилни со алтернативни горива (АГ) во Цементарница УСЈЕ беше 4%. Беа употребени само 4.400 тони алтернативно гориво од кои 870 тони лушпи од ориз од кочанско. Граничните вредности на концентрациите на диоксини и фурани, тешки метали и  други параметри во емисиите во воздухот од цементната индустрија се многу пониски кога се употребуваат АГ, во споредба со емисиите кога се употребуваат конвенционални фосилни горива. Тоа е определено во т.н. BREF документи (BAT-Reference Documents) за цементната индустрија кои ги пропишуваат најдобрите достапни техники и важат за сите цементни фабрики во Европа“, стои во соопштението од Цементарница УСЈЕ.

Потсетуваат дека Цементарница УСЈЕ врши континуиран мониторинг на сите наведени испусти и согласно законските обврски чува запис од извршениот мониторинг, а не само на два, како што се наведува во дописот на О2 коалиција.

УСЈЕ како компанија заедно со сите други засегнати страни подеднакво се залага за подобрување на состојбите со животната средина, порачуваат оттаму.

„Компанијата е индустрија која денес е лоцирана во градско поддрачје, па оттука наша деловна определба, а не само граѓанска должност, е да работиме согласно највисоките стандарди и постојано да се подобруваме“, велат од УСЈЕ потсетувајќи дека континуирано се отворени за посети на сите заинтересирани и вклучени страни.

Next Post

Пожар во зоопросторија на гимназијата „Браќа Миладиновци“

EVN

НАЈНОВО

Шпанија ќе го легализира престојот на околу 500.000 имигранти

January 27, 2026

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

January 27, 2026

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk