Прилепчанец удрил во паркирано возило, во кое имало тројца, но место да сопре тука, тој физички се пресметал со нив, па и со секира го оштетил удреното возило.
Полицијата го приведе.
Како што стои во полицискиот билтен, во саботата полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле одслобода Е.М.(23) од Прилеп.
Претходно тој бил пријавен од Е.А.(19) од Прилеп, кој рекол дека околу 21 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркирано патничкото моторно возило „голф 3“ без регистарски ознаки во негова сопственост заедно со С.О. и Е.Т., нивното возило било удрено од возило „опел астра“ управувано од Е.М. Тој потоа физички ги нападнал, а со секира го оштетил возилото „голф“.
Потоа пријавениот со возилото „опел астра“ удрил во две лица, роднини на оштетениот (тетка и братучетка).
По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.