Академикот Владо Камбовски кој е еден предлагачите на законот за Јавно обвинителство ја истакна потребата од донесување на овој закон, што според него, е само дел од реформите на судскиот систем. Затоа, вели Камбовски политиката мора да наведне глава над правдата.
Донесувањето на овој Закон е само еден од важните елементи од реформите на судскиот систем, смета професорот Владо Камбовски.
„Советот на јавни обвинители и Судскиот совет имаат маана и таму не седат врвни правници, туку се составени врз основа на политички ставови. Тоа се клучните институции кои треба да го обезбедат интегритетот и независноста на јавното обвинителство. Затоа што тоа ЈО целото ова време се бори меѓу извршната власт да се позиционира повеќе околу судството но не успева да го направи тоа. Судскиот совет мора да ја гарантира независноста“, истакна Камбовски на денешната јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство, додавајќи дека законот мора да се донесе па и по цена да се одложат изборите за некој месец.
„Без овој Закон нема иднина и сигурност за оваа држава“ рече тој.
Според него, земјата не може да мрдне во европските интеграции без владеењето на правото но оти тоа е можно само со исправни закони.
Тој нагласува дека најважен дел од законот е што ќе биде со СЈО кое е иако е мртво се уште е дел од правниот систем.