ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судење за „Ласкарци“: Возачот не разговарал на мобилен, можно е да се завртел кон лево или погледнал надолу

Вештакот појасни дека при вештачењето утврдиле со сигурност дека возачот не разговарал на мобилен и дека за свртувањето на автобусот кон лево при што излетал од автопатот можно е да се свртел кон лево со телото што, како што рече, автоматски го завртел и воланот кон лево или пак погледнал надолу пред себе што било доволно, поради брзината со која возел, да излета од патот.

January 28, 2020 13:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ што се преврте кај Ласкарци, не разговарал на мобилен телефон и не задремал, но можно е да се завртел кон лево со телото или пак да погледнал надолу пред него, истакна вештото лице кое денеска одговараше на вкрстени прашања во Кривичниот суд за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари лани, а во која загинаа 16 лица.

Вештакот појасни дека при вештачењето утврдиле со сигурност дека возачот не разговарал на мобилен и дека за свртувањето на автобусот кон лево при што излетал од автопатот можно е да се свртел кон лево со телото што, како што рече, автоматски го завртел и воланот кон лево или пак погледнал надолу пред себе што било доволно, поради брзината со која возел, да излета од патот.

На прашање на адвокатката на еден од обвинетите, вештакот рече дека при подготовка на наодот немале увид во лекарската документација на возачот за неговата здравствена состојба, на што одбраната истакна дека од Обвинителството намерно не ги доставиле тие лекарски наоди до Бирото за вештачење за да се утврди постоечкиот вешт наод.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“  Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Next Post

Швајцарски искуства за да се зголеми интересот за стручното образование

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk