По најавите дека неделава ќе бидат пуштени во употреба тоалетите во основното училиште во Јегуновце, Тетовско, Фронтлајн, обезбеди фотографии од финализацијата на реновирањето.
Плочките се наредени, поставени се нови врати и нова санитарија.
Учениците и персоналот отсега ќе користат целосно реновирани тоалети кои ги нудат сите услови за обавување на хигиенските потреби.
Реновирањето на тоалетите во училиштето „Александар Здравковски“ во Јегуновце беше злоупотребено од некои партиски центри, да се покаже дека учениците „немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода!“.
Веста пласирана преку повеќе интернет медиуми, во јавноста познати како блиски на најголемата опозициска партија, предизвика револт кај граѓаните.
Фронтлајн побара изјава од директорката на училиштето и од градоначалникот кои објаснија дека се работи за реновирање.
Б. Богдановска