По назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје од страна на техничкиот министер Наќе Чулев во јавноста повторно беа актуелизирани „бомбите“ од кои се слуша како тој директно влијае врз гласачи, односно одработува за ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Стандард.мк.
Од фотографиите што ги објави Стандард.мк, се гледа како Ставревски води партиски состанок во Општинскиот комитет Ѓорѓе Петров во друштво на Владо Мисајловски, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Стојановски, претседател на ОК Ѓорче Петров.
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, треба на јавноста да и одговори дали преку ваквите партиски послушници планира да организира фер избори.