ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник на коронавирусот

Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата.

January 30, 2020 16:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на Меѓународниот аеродром – Скопје. Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми на коронавирусот постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација, со мониторирање итн. Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, пред термалната камера поставена на аеродромот, низ која поминаа патници од авион што слета од Дубаи. Тој заедно со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери дојдоа денеска на аеродромот за да ја посетат лекарската екипа која веќе четврти ден врши скрининг на патниците кои доаѓаат од дестинациите Дубаи и Истанбул. Меѓу патниците кои денеска пристигнаа од Дубаи не беше идентификуван ниту еден ризичен случај.

Филипче посочи дека се прави скрининг со термалната камера за евентуална детекција на потенцијални патници кои биле во контакт со луѓе заразени од вирусот или доаѓаат од поширокиот регион на кинескиот град Вухан, кој е затворен, како и аеродромите во него.

– Се обезбедивме од неколку страни. Имаме практично секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство која има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови кои доаѓаат од овие две дестинации може да очекуваме патници кои доаѓаат од Кина. Такви патници засега во нашата земја не се дојдени, ниту пак има со овој лет што сега стигнува од Дубаи, меѓутоа за секој случај ќе се спроведе скринингот, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека веќе контактирале со луѓето кои ја одржуваат термалната камера, да бидат спремни да добијат и повеќе термални камери и повеќе материјали за заштита во смисла на заштитни скафандери и се што треба за да бидат однапред подготвени.

Во врска со тоа што ќе преземе државата со оглед на резултатите од последното истражување на Глобалниот индекс на здравствена безбедност, кои покажуваат дека земјата е рангирана на 90-то место за добро справување со епидемии и дека во регионот сме на последно место, Филипче потенцира дека „се соочивме со епидемија од морбили пред една година и за разлика од сите други земји во регионот кои на тие ранг-листи се на повисоки места од нас за многу пократко време од нив ја запревме епидемијата, што е доказ дека нашиот здравствен систем во условите во кои го организираме, координираме, како што правиме сега, покажа дека може добро да функционираме“.

– Само за споредба, таа епидемија на морбили ја запревме за шест месеци. Ние имавме само четири случаи, додека повисокорангираните земји во регионот имаа над 100 смртни случаи и повеќе од година дена траеше епидемијата. Навистина сме координирани и подготвени и овие превентивни мерки ќе дадат добри резултати, рече Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Зибери изјави дека досега немало ниту една индикација дека треба да преземат нешто повеќе.

– Екипи на Центарот за јавно здравје веќе четврти ден се тука. Сите патници се без симптоми и се надевам дека и натаму нема да имаме нешто посериозно, додаде Зибери.

Next Post

Дерала: Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk