ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Паника меѓу „куртоните“

Значи, не повикував на крвав, терористички напад на Собранието, како што тие повикуваа, па и учествуваа во нападот на 27 април 2017 година. Само го истакнав уставното право на граѓанките и граѓаните да протестираат. Барав да се донесе закон што ќе донесе правда. За правда протестиравме, за правда ќе протестираме. Каде видоа закана тука? Зошто толку се исплашија? Зошто толку паника и омраза истурија уште пред да завршам со излагањето? Имаат мува на капата и украдени милиони во џебовите? Тоа ќе да е.

January 30, 2020 09:24
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Искрено, не ме изненади примитивната и вулгарна реакција од криминалците и нивните слуги по моето кусо, точно 7-минутно излагање во македонскиот парламент. Кукавици се, не знаат да скријат болка. Бев поканет да дадам придонес кон Јавната расправа „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ што ја свика Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за драфт верзијата на Предлог законот за Јавно обвинителство. Значи, секој збор во претходната реченица ја оправдува поканата, а уште повеќе содржината на мојот говор.

Вели јавна расправа, не вели научен симпозиум, инаку љубезно ќе ја одбиев поканата, бидејќи не претендирам да бидам научник од областа на правото. Но, се разбира, зедов учество во јавна расправа за област во која дејствувам долги години – против корупцијата! Искрено, не сум сигурен дека еден голем дел од дискусиите беа соодветни за една јавна расправа, бидејќи беа премногу технички, но поради добрата намера, тие треба да се сметаат за драгоцен придонес кон овој стратешки важен закон. Закон што ќе нѐ приближи еден крупен чекор поблиску до правдата, еден чекор поблиску до Европа. Што се однесува до дел од оние што се сметаат за експерти и научници во академските кругови, а беа таму само за да го одбранат криминалот, ќе кажам само – СРАМОТА! Секој понатамошен коментар е излишен.

На расправата во Собранието беа собрани сите: и криминалци и политичари, и обвинители и обвинети, и експерти и квази интелектуалци, и новина(к)и и агитпроп мочковци, и активисти и невладини фолиранти… Дружина што може да се најде само во „Алан Форд“ стриповите.

Каква беше реакцијата на криминалците и нивните слуги на моето излагање може лесно да се види од телевизиските снимки и од оркестрираниот медиумски напад врз мене што започна пред и да завршам со моето излагање кое траеше, ни помалку ни повеќе, седум минути (од 15-те што беа дадени на секој излагач).

Куртон медиумите (изразот го воведе Латас), во паничен напад, напишаа дека јас сум се заканил и дека ќе вадам луѓе на улица, ако не се донесе законот. Го кажав ова:

Дами и господа, надвор од оваа зграда расте гневот и разочарувањето што оние што за заробија државата сѐ уште се на слобода. Ако повторно излеземе на улица, нема да се вратиме дома додека не видиме правда. Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите.

Значи, не повикував на крвав, терористички напад на Собранието, како што тие повикуваа, па и учествуваа во нападот на 27 април 2017 година. Само го истакнав уставното право на граѓанките и граѓаните да протестираат. Барав да се донесе закон што ќе донесе правда. За правда протестиравме, за правда ќе протестираме. Јас не вадам луѓе на улица, тие влечеа човечиња за уши, за врат… Каде видоа закана тука? Зошто толку се исплашија? Зошто толку паника и омраза истурија уште пред да завршам со излагањето? Имаат мува на капата и украдени милиони во џебовите? Тоа ќе да е.

„Инфантилно!“ и други изрази гласно извикуваше, од место (!), професорката што држи огромен број предмети на Правниот факултет, чие излагање, ден пред тоа, започна со извинување затоа што не успеала да прочита кој сѐ е во списокот на поканети, а го критикуваше. Исто како кога ја влечкаа низ градовите и селата за време на претседателската кампања – не знаеше каде се наоѓа, ниту од каде ѝ е свекрвата (Кочани ѝ беше Кичево, „Здраво Кавадарчани“ – рече во Неготино). Не знае каде се наоѓа, но одлично намирисува пари и позиции. Цел живот ја плаќаме за да повикува на кршење Устав – професоркава по Уставно право. Да пукнеш од горчлива смеа!

Многу беа нервозни куртоните од медиуми и квази експерти. Многу беа нервозни што јасно и гласно им кажав каде им е местото на криминалците и сите околу нив. Ги разбирам. Но и ги презирам!

 

ПС. Читајте ја утре целосната верзија од моето излагање. Оригиналниот текст е за нијанса подолг.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Протест против сместување на евакуираните од Вухан во Јужна Кореја

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk