ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ќучук и Шидер: Сите политички лидери да се залагаат за прогресивни политики, а не да се навраќаат кон минатото

Европскиот парламент е голем поддржувач на проширувањето и за што поскоро одредување датум за преговори на Северна Македонија. Најважно е земјава да продолжи со реформите и сите политички лидери да бидат насочени и да се залагаат за прогресивни политики, а да не се обидуваат да ги менуваат нештата од минатото, порачаа денеска европратениците Илхан Ќучук и Андреас Шидер на прес-конференција во Собранието, по завршување на третиот дијалог во рамки на процесот Жан Моне.

February 1, 2020 18:50
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент е голем поддржувач на проширувањето и за што поскоро одредување датум за преговори на Северна Македонија. Најважно е земјава да продолжи со реформите и сите политички лидери да бидат насочени и да се залагаат за прогресивни политики, а да не се обидуваат да ги менуваат нештата од минатото, порачаа денеска европратениците Илхан Ќучук и Андреас Шидер на прес-конференција во Собранието, по завршување на третиот дијалог во рамки на процесот Жан Моне, пренесе МИА.

– Европскиот парламент врши голема работа за проширувањето. Усвоивме резолуција во октомври 2019 година, имаме и многу меѓупартиски иницијтиви кои ги презедоа моите колеги, различни политички групи се состануваат со амбасадори, а потоа тие исто така одржуваат дијалози на високо ниво. Ние имаме јасна улога што треба да ја одиграме како Европски парламент и ќе ја исполниме истата, но исто така треба да го убедиме Советот дека Северна Македонија, власта и опозицијата ги прават правилните нешта, за кои постои многу јасен доказ за тоа, а тоа е каде сакаме да ја видиме земјата во иднина, рече Ќучук.

Според него, во најдобар интерес за Северна Македонија е патот кон НАТО и ЕУ, и, како што рече, ако тоа е улогата која вие ја гледате за вас ние сме подготвени да ви помогнеме во одржувањето на земјата на правилниот пат.

Ќучук исто така посочи дека не треба да има контрадикторност во однос на реформата на Унијата и проширувањето.

– Истовремено треба да ги направиме важните реформи во Унијата, меѓутоа ако сакаме да играме клучна геополитичка улога на светската сцена, треба да ја држиме вратата отворена за земјите од регионот. Не можеме да продолжиме со политика, со ваков тип на политика  како што беше во минатото. Треба да им дадеме сила и да ги зајакнеме земјите од регионот и да ги видиме како идни земји членки. Би сакал да ја видам Северна Македонија во водечка фаза што се однесува до процесот за проширување, истакна тој.

Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, рече дека е најважно да се продолжи со реформите, но исто така на масата да се стави аргументот на реформите кои што веќе беа спроведени, а кои, оцени тој, не беа лесни за земјава.

– Направивте големи чекори почнувајќи со решавањето на одредени прашања со соседите и воспоставување една подобра политичка култура, но најважното е сите политички лидери да бидат насочени и да се залагаат за прогресивни политики. Тоа е многу важно, да се дискутира за иднината, да се бараат решенија, и кога ќе се најдат тие да бидат усвоени, а не секогаш да се навраќаме наназад и да се обидуваме да променуваме нештата од минатото, подвлече европратеникот Шидер.

Next Post

„Агенда – Земјоделство 20-24“: Целосно се искористуваат сите капацитети во земјоделието

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk